Геологија

 Во Радовишкиот крај рударењето има длабоки корени во неговата севкупна историја. Постојат непобитни, научно потврдени докази дека рударството на овој овој простор било присутно во античко време, продолжило во средниот век и останало се до ден денешен да биде предмет на егзистенција на луѓето. Научно е потврдено дека железото било експлоатирано на локалитетите Шопур, Дамјан и Мичак, злато се експлоатирало од алувионите на златоносните реки, олово и сребро од галенитските жици на Бојковица. сите тие траги од рударење биле доволен предизвик на почетокот од дваесетиот век, а посебно по завршувањето на Втората светка војна, преку примена на посовремени постапки во делот на рударско - истражните работи да се работи и инвестира во развојот на современото рударење.Периодот по 1953 година посебно е значаен во оваа насока.

 Перманентните геолошки истражувања кон средината на дваесетиот век, кои посебно се интензивираат во периодот 1965 - 1972 година овозможија утврдување на значајни рудни резерви погодни за економска експлоатација на наоѓалиштето "Бучим" со рудните тела "Чукар", "Вршник", "Бунарџик" и "Боров дол". Геолошките истражувања направени во тој период и утврдените рудни резерви беа повеќе од доволен мотив за изградба на рудникот за бакар, злато и сребро "Бучим". Со редовно производство "Бучим" стартуваше на 25 ноември 1979 година.

Во триесетите изминати години во кои "Бучим" со мали исклучоци, остваруваше одлични производни и финансиски резултати, се водеше сметка за континуирани геолошки истражувања како основен предуслов за продолжување на неговиот работен век. Доистражени се потенцијалите на сите постојни рудни тела со што се докажани нови резерви на бакар, злато и сребро.

Читать электронный журнал Космополитен, Бурда и другие.