Хемиска лабораторија

hemiska4

Хемиската лабораторија во Бучим претставува една од најважните единици во целокупниот технолошки процес на рудникот. Во состав на рудникот успешно работи од самиот почеток на Бучим во 1979 година па до ден денес, цели 35 години. Го следи процесот на производство во сите негови фази, ги следи резултатите од геолошките истражувања, ископувањето на руда, флотирање на рудата, а истовремено врши контрола на квалитетот на продажниот концентрат и на останатите елементи присутни во него. Во лабораторијата се вршат просечно околу 20.000 испитувања на проби/годишно со околу 50.000 определувања на повеќе елементи за истите проби.

Хемиската лабораторија вклучува две одделенија во својот состав и тоа: Припремно одделение и лабораторија.

Припремата на пробите за хемиска анализа започнува во Припремно одделение кое се наоѓа во склоп на погонот Флотација. По припремата, пробите се доставуват во главната хемиска лабораторијаза хемиска анализа. Оваа мини лабораторија – припремно одделение е опремена со дробилки и млинови за подготовка на рудата до најфина гранулација и претставува мини процес на се она што се случува како макро технолошки процес во рудникот. Одделението располага со квалитетни, механички отпорни и цврсти дробилки за примарно, секундарно и терцијално дробење, како и пулверзатори (млинови) за мелење и хомогенизирање на рудата до најфина гранулација.

Во Примарното одделение се врши припрема на пробата во зависност од потребата и тоа во следните фази:

  1. Примарно дробење на руда со големина на јадро од 90-100 mm до 10 mm;
  2. Секундарно дробење на руда до гранулација 4-6 mm;
  3. Терцијално дробење до 2 mm;
  4. Пулверизирање (мелење и хомогенизирање) на пробата < 100µm.

Хемиската лабораторија секојдневно работи на следење на целокупниот процес во рудникот низ следните фази:

-       - припрема и хемиска анализа на проби од истражни бушотини и нивни композити;

-       - припрема и хемиска анализа на проби од мински дупки и нивни композити;

-       - опробување, припрема и хемиска анализа на проби за следење на процесот флотација со дневни анализи на влез на руда, концентрат и јаловина од руда;

-       - следење на квалитетот на продажниот концентрат;

-       - комплетна хемиска анализа на вар;

-       - комплетна хемиска анализа на вода за пиење, индустриски и дренажни води од подрачјето на Бучим.

                                                                hemiska1     hemiska2

Хемиската лабораторија врши анализа на:

   Компонента----------------------------------------------------------------------------метод / техника

Руда

-       Cu [%] --------------------------------------------------------------------------киселинско р-рање / ААS

-       Cu [%]--------------------------------------------------------------------------електрогравиметриски

-       Cu (oxides form) [%]---------------------------------------------------------------лужење / ААS

-       Ag [g/t]--------------------------------------------------------------------------киселинско р-рање / ААS

-       Fe[%]----------------------------------------------------------------------------киселинско р-рање / ААS

-       Bi [%]----------------------------------------------------------------------------киселинско р-рање / ААS

-       Мо [%]---------------------------------------------------------------------------киселинско р-рање / ААS

-       Au [g/t]--------------------------------------------------------киселинско р-рање, екстракција / ААS

-       S [%]----------------------------------------------------------------------------------гравиметриски

Анализа на вар

-       SiO2[%]-------------------------------------------------------------------------------гравиметриски

-       CaO [%], MgO [%]-----------------------------------------------------------------волуметриски

-       Fe3O4[%]---------------------------------------------------------------магнетни својства,“Satmagan”

Анализа на вода

-       pH

-       тврдина [°N]

-       вкупен остаток после испарување на 105°С-------------------------------гравиметриски

-       суспендирани материи------------------------------------------------------------гравиметриски

-       сулфати – SO42- [mg/L]-------------------------------------------------------------гравиметриски

-       хлориди –Cl-[mg/L]-----------------------------------------------------------------волуметриски

-       потрошувачка на KMnO4 [mg/L]--------------------------------------------------волуметриски

-       метали во вода --------------------------------------------------------------------------ААS

Лабораторијата е технички и стручно опремена за вршење на сите наведени анализи со 35 годишно работно искуство и билатерални споредби на анализи, со потврдени и веродостојни резултати. Стручниот тим се состои од:

-       2 магистри на хемиски науки

-       1 хемиски инженер

-       1 инженер – технолог

-       8 хемиски техничари

-       8 припремачи на проба

Лабораторијата располага со следниве инструменти:

-       ААS 200, Perkin Elmer

-       AAS 400, Perkin Elmer

-       Електролизери IKA VE 500

-       pH метар/кондуктометар, VWR

-       магнетен анализатор “Satmagan” model 135.

Како посебна единица во состав на главната хемиска лабораторија успешно работи и лабораторијата во погонот Лужење. Оваа хемиска лабораторија работи за потребите на процесот Лужење и ги врши следниве испитувања:

         Компонента--------------------------------------------------------------------------------метод / техника

-       Cu [mg/L]----------------------------------------------------------------------------AAS / волуметриски

-       Fe [mg/L]------------------------------------------------------------------------------------AAS - 200

-       Co [mg/L]------------------------------------------------------------------------------------AAS - 200

-       Mn [mg/L]------------------------------------------------------------------------------------AAS - 200

-       Јони во питки и отпадни води---------------------------Спектрофотометриски: Pharo 300

За успешно следење на процесот, во оваа лабораторија работи тим од

-       3 хемиски инженери

  1 рударски инженер.
hemiska3

Kако доказ за своето успешно работење цели 35 години, хемиската лабораторија започна да го имплементира меѓународниот Стандард за лаборатории за тестирање ISO 17025:2006 со што ќе стане Акредитирана лабораторија од ваква дејност за вршење на хемиски испитувања како за свои потреби така и за останати баратели на услуги со веродостојни и меѓународно признаени резултати.

 

Лице за контакт: м-р хем.инж. Камчева Верка, раководител на Хемиска лабораторија

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.