Лужење

Во склоп на рудникот за бакар Бучим од Радовиш, во 2011 година беше формирана нова работна единица за производство на катоден бакар.
Идејата, иако стара повеѓе децении, кулминираше токму во овој период ....
За првпат во историјата на Р. Македонија, се произведе готов производ, катоден бакар со висока чистота и Македонија стана извозник на катоден бакар.
Лужењето е процес на хидрометалуршка преработка на благородни метали, бакар, ураниум и др. метали,  познат скоро еден век. Преку ваква хидрометалуршка обработка на раствори во кои е присутен саканиот метал се добива скоро 100% чист метал.
Во светот постојат различни типови на лужење, а кај нас се применува така нареченото купово лужење, кое се состои од големи површини на купови од руда и јаловина, покриени со специјални системи за оросување.
Конкретно, во погонот за лужење при рудникот Бучим, со електролиза се добива катоден бакар со висок степен на чистота.


Процесот за добивање на катоден бакар е комплексен и се состои од неколку степени:
•    Лужење на оксидна и сулфидна руда
•    Сорпција (јонска измена) и десорпција (регенерација)
•    Течна (солвентна) екстракција
•    Електролиза
•    Враќање на растворите назад на куповите
Бидејќи сите раствори се враќаат назад на куповите (одлагалиштата), заедно со сите пропратни елементи и соединенија, освен бакарот, значи се работи за затворен систем на работење од кој нема отпадни води.
На таков начин се врши заштита на животната средина и се доискористува рудата од преостанатите технолошки процеси.


Готовиот производ се состои од листови со дебелина од околу 5mm и површина од околу 0.8m2. Катодниот бакар е со висока чистота и во целост ги исполнува нормите за квалитет на Лондонската берза (LME London metal exchange). Годишното производство изнесува околу 2000 тони катоден бакар и целосно е наменето за извоз.

luzenje

               luzenje1 luzenje2 luzenje3 luzenje4

               luzenje5 luzenje6 luzenje7 luzenje8

  

Читать электронный журнал Космополитен, Бурда и другие.