Соопштение

Бучим му нуди на соседниот рударски проект деловна експертиза со цел да се намали влијанието врз животната средина врз локалните заедници

Од име на својата швајцарска матичната компанија- Солвеј Инвестмент Груп, Бучим ДОО Радовиш, кој е единствен рудник за бакар во Македонија, јавно ја изрази својата подготвеност да ги отвори вратите за потенцијалните преговори за неодамнешниот предлог на Солвеј до Еуромакс Ресоурцес ДОО, сопственик на соседниот гринфилд  проект Иловица -  Штука. Понудата сугерира комбинирање на силите за развојот на проектот Иловица - Штука, со цел да се оптимизира економската ефикасност и да се намали потенцијалното влијание врз животната средина од операциите на новиот рудник врз локалните заедници.

Проектот Иловица-Штука, богат порфирен депозит од злато - бакар, неодамна се соочи со противење од заедниците на Иловица, кои се загрижени за потенцијалното влијание врз животната средина од операциите на компанијата врз соседните села. Активистите на заедницата јавно тврдеа дека изградбата на хидројаловиште-објект за складирање на јаловина, може негативно да влијае врз животната средина во областа и на здравјето на локалните жители.

Предлогот на Солвеј сугерира комбинирање на проектите Бучим и Иловица - Штука во едно заедничко вложување. Ова решение ќе создаде уникатна вредна можност и би можело да биде единствено остварливо решение во блиска иднина за проектот "Иловица - Штука" одобрен од македонската влада и воедно проектот да биде поддржан од локалните заедници и еколошките друштва.Еден од главните проблеми со постоечкиот проект Иловица-Штука е близината до населените места Иловица и Штука што резултира со загриженост во врска со потенцијалното влијание врз животната средина. Со комбинирање на проектите Бучим и Иловица-Штука под заедничко вложување (здружување на рудничките резерви на Бучим и Иловица-Штука ), може да се овозможи отварање на површински коп на овој локалитет, примарно и секунрадно дорбење и транспорт на рудата со специјален продуктопровод до Бучим и преработка на рудата во постоечката и модернизирана флотација до бакарен концентрат кој ќе содржи бакар и злато. Коповската јаловина би се складирала на локалитетот Илпвица-Штука, а хидројаловината во веќе постоечките копови во Бучим.   
Предлогот на Солвеј е подобра алтернатива од тековната транскација на Еуромакс Ресоурцес, која што беше објавна на 22 март 2019 година (и е предмет на одобрување од страна на Комисијата за конкурентнција на Република Северна Македонија). Постоечкиот предлог на Еуромакс не ги опфаќа основните проблеми на животната средина на локалните заедници и не нуди јасен патоказ за проектот Иловица-Штука за да ги добијат потребните дозволи.

Со споделувањето на веќе постоечката инфраструктура на Бучим, оптимизирање на некои инженерски решенија, намалување на одредени EPCM услуги, постигнување на значителни заштеди преку избегнување од потребата за изградба на нови објекти за складирање на јаловина (како што е објаснето погоре), рудникот Иловица-Штука може брзо да се изгради и можно е да се врати поддршката од локалните заедници. Швајцарската матична компанијана Бучим- Солвеј Инвестмент Груп ја изрази својата подготвеност единствено да финансира нова, дефинитивна физибилити студија за проектот Иловица-Штука и други активности од предложеното за едничко вложување, додека проектот Иловица - Штука не добие дозвола за експлоатација.

Врз основа на своите претпоставки, базирани на повеќе од 15 годишно искуство во областа на рударството, менаџерскиот тим на Бучим верува дека сите опции за проектирање кои обезбедуваат складирање на јаловина во близината на локалните села ќе се соочат сожестока опозиција и силен отпор од локалните заедници и ќе резултира во материјален пораст на капиталните и оперативните трошоци.

“Како одржлива рударска компанија со повеќе од четири децении искуство во рударската дејност, ние веруваме дека секој бизнис треба да се води во корист на сите нејзини засегнат истрани. Предлогот што го дадовме ќе биде најдобро решение за сите засегнати  страни: сопствениците  на проектот, потенцијалните вработени, локалните заедници и генерации што ќе дојдат. Нашиот план се базира на користење на постоечката инфраструктура, намалување на трошоците и - што е најважно – создавање на синергија помеѓу минатото и иднината на македонската рударска индустрија. Се надеваме дека носителите на одлуките за проектот ќе ја искористат можноста да влезат во конструктивен дијалог со цел да изградат одговорно, одржливо и профитабилно претпријатие врз основа на комбинирање на деловните и хуманитарните интереси на сите засегнати страни.” – Николајчо Николов, заменик директор на Бучим ДОО Радовиш



Солвеј Инвестмент Груп е приватна групација за рударство и метали со  седиште во Швајцарија со глобални операции. Солвеј е добровоспоставен и почитуван инвеститор во Македонија. Рудникот Бучим е водечки рударски проект и единствениот оперативен рудник за бакар и злато во Република Северна Македонија, кој се наоѓа на помлаку од 50 километри северо-западно од проектот Иловица-Штука. Рудникот Бучим е управуван од неколку државни и приватни претпријатија од 1979 година, а од 2005 година е управуван од Солвеј. Под водството на Солвеј Инвестмент Груп, рудникот стана еден од најголемите работодавачи и даночни обврзници во земјата.

 

Официјална изјава на “Бучим” ДОО Радовиш


На 13.03.2019 година во 13:30 часот, во рудникот за бакар  “Бучим” ДОО Радовиш се случи несреќен случај. За време на извршување на работните должности,  работник задолжен за промена на траса од висконапонска  линија, почина од струен удар.
Сите служби што се бараат со закон во таков случај беа повикани на место и извршија увид. По првична информација од службите, причината за смртта е струен удар. Формирана е комисја  која врши проценка за причината за настанатиот  несреќен случај во согласност со сите законски барања.
 “Бучим” ДОО Радовиш и неговиот сопственик Solway Investment Group го искажуваат своето искрено сочувство до семејството. Во согласност со законите на Република Македонија и според внатрешните протоколи, “Бучим” ДОО Радовиш ќе ги исплати сите надоместоци на семејството на починатиот.

 

Во врска со смртта на работникот во “Бучим” ДОО Радовиш на 6 февруари 2019 година.

“Бучим” ДОО Радовиш би сакал да ги разјасни информациите кои беа лажно објавени од страна на медиумите за смртта на еден вработен во рудникот ова утро.

Работникот во Бучим кој ги извршувал своите должности како возач, починал додека бил на работа утринава, на 6 февруари 2019 година. Во времето на неговата смрт, починатиот работел на местото и паднал веднаш до возилото за кое бил задолжен. Медицински персонал на Бучим веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и е упатен кон Здраствениот Дом во Радовиш, каде е констатирана смрт.

Сите служби што се бараат со закон во таков случај беа повикани на место. Медицинскиот персонал и полицијата ја идентификуваа првичната причина за смрт како природна. На работникот редовно му се вршени рутинските здравствени прегледи согласно  законите на Република Македонија. Ќе се формира комисија која ќе ја изврши конечната проценка за причината за смртта во согласност со сите законски барања. Инцидентот не влијаеше на тековните оперативни процеси на рудникот.

“Бучим” ДОО Радовиш и неговиот сопственик Solway Investment Group го искажуваат своето искрено сочувство до семејството. Во согласност со законите на Република Македонија и според внатрешните протоколи, Бучим ќе ги исплати  сите надоместоци на семејството на починатиот.