Историјат на инсталацијата

Во 1979 год. по период на повеќе годишни истражувања на бакарните минерализации во рудниот реон Бучим – Дамјан - Боров дол, започнува со редовна работа рудникот за бакарна руда “Бучим”. Бакарната руда се одкопува со технологии на површинска експлоатација. Ископаните јалови маси се допонираат на надворешно одлагалиште, а одкопаната руда се процесуира низ технолошкиот процес за примарна преработка и збогатување.
Во овие посторјки се врши дробење, сеење, мелење, класирање, флотирање(збогатување), згуснување и филтрирање и складирање на бакарниот концентрат. Бакарниот концентрат во себе содржи околу 21% бакар и 10-15 г/т. злато. Концентратот се транспортира надвор од нашата земја на понатамошна(топилничка) преработка.
Одпадните маси од процесот на флотациската концентрација е флотациска јаловина со помош на систем на отворен канал гравитациски се носи во депонија на хидројаловиште каде со помош на хидроциклонска пумпна станица се врши класирање на флотациската јаловина на производи, прелив и песок. Со песокот се гради круната на браната а преливот влегува во таложното езеро каде се врши таложење на цврстата фаза а водената фаза влегува во водено огледало каде водата како повратна рецилкулациона се користи како технолошка вода за потребите на погонот флотација.

Читать электронный журнал Космополитен, Бурда и другие.