Спорт и култура

Во сите изминати години Бучим го подржуваше спортскиот, културниот  и фолклорноит живот  на Радовиш и Општината. Комбинатот значајно придонесе за унапредување на благородните аспекти на животот во ова подрачје. Согласно своите финансиски можности Бучим подржуваше спорски клубови, од кои боречкиот клуб кој го носеше името на рудникот стана дури и светски шампион, го финансираше КУД Бучим чии членови го презентираа фолклорното богатство на Македонија. Комбинатот помагаше и училишта, детски установи, ја подржуваше уметноста.
Оваа традиција ја продолжи актуелниот менаџерски тим кој тоа го смета за една од своите приоритетни задачи но со нешто изменет концепт. Сега се подржува масовноста без тенденција за посебно лидерство бидејќи менаџментот смета дека тоа повеќе му прилега на професионализмот.