DSCF4530

Бучим и Боров Дол вложуваат постојано во локалните заедници

Рудниците Бучим и Боров Дол уште еднаш ја покажаа својата корпоративна одговорност на дело и направија чекор повеќе кон подобрување нa условите во установата за предучилишно образование  за децата во општина Конче.

Вредноста на вкупната донација изнесува  9.120 евра од кои 3.450 евра се обезбедени од рудникот Бучим, со коисе набавија инвертер клима уреди, додека останите 5.670 евра се од рудникот Боров Дол со кои ќе се обезбеди енергетски ефикасно греење на пелети. 

Со овие донации во детската градинка „12-ти Јули”, која е многу потребна на локалната заедница, ќе бидат овозможени сите потребни услови за современ, безбеден и безгрижен престој во градинката на најмалите жители на општина Конче. Минатата година рудникот Бучим донираше финансиски средтсва со кои целосно се уреди и огради дворот на градинката.

Најдобрата инвестиција е инвестиција во иднината, а тоа се децата. Ме радува тоа што што ги подобривме условите во градинката и им овозможимвме на дечињата предучилишно образование во адекватни услови, како на сегашните генерации така и на многу други кои ќе дојдат по нив,” изјави Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим. 

Нашите активности секогаш се водат во корист на општеството и се стремиме кон решавање на прашањата кои претставуваат заедничка загриженост. Ќе поставиме систем за греење со кој во студените зимски денови ќе се обезбедат потопли простории за престојот на децата, “ истакна Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Comments are closed.