WhatsApp Image 2025-05-13 at 14.42.19

Бучим по четврти пат дел од „Generalka weekend“: Инклузивност и грижа за животната средина преку заедничка акција

Во рамки на својата долгорочна заложба за одржлив развој и општествена одговорност, рудникот Бучим по четврти пат активно се вклучи во националната еко-иницијатива „Generalka weekend“, а втора година по ред и како официјален партнер на МАМ. Оваа година, акцијата доби дополнителна општествена вредност преку инклузивното учество на корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Радовиш.

Со заеднички сили, вработените во Бучим и корисниците од „Порака“ испратија силна порака дека заштитата на животната средина и грижата за ранливите категории на граѓани не се одвоени процеси – туку суштински поврзани аспекти на едно одговорно и инклузивно општество.

Акцијата се реализираше на неколку локации во Општина Радовиш , при што беа собрани значителни количини отпад и укажано на важноста од правилно селектирање и рециклирање.

Генералка викенд не е само акција за чистење – таа е симбол на одговорност, солидарност и одлучност да се направи нешто конкретно за природата и заедницата. Посебно сме горди што оваа година преку партнерството со МАМ и вклучувањето на ‘Порака’ покажавме дека одржливиот развој мора да биде и инклузивен. Во Бучим, ова не е само обврска, туку вредност која ја живееме секој ден,“ – изјави Кристина Крстева, Замeник управител за одржлив развој

Учеството во „Generalka Weekend 2025“ е само еден од многуте примери за практичната примена на принципите на ESG (еколошко, оптествено и корпоративно управување) кои се интегрирани во долгорочната стратегија на Бучим, со цел унапредување на животната средина, локалната заедница и одговорното корпоративно однесување.

Comments are closed.