Bucim press release

Годишен извештај за 2019 година – Бучим и Боров Дол

Вкупната количина на преработена руда од Бучим во 2019 година изнесуваше 4,248 милиони тони (101% во споредба со истиот период од 2018 година), со содржина на бакар од 0,184% (94% во однос на квалитетот на преработената руда во 2018 година), злато 0,247 g/t (81 % во однос на квалитетот на преработената руда во 2018 година) што резултираше со производство на 31 226  тони сув бакарен концентрат  (92% во споредба од 2018 година), кој  содржи 6 512 тони бакар (94% во споредба од 2018 година), 593 кг злато (77% во споредба од  2018 година) и 937 кг сребро (92% во споредба од 2018 година). Во 2019 година фабриката за лужење на Бучим произведе 719 тони катоден бакар со квалитет 99,99% (94% во споредба од 2018 година).

Главната причина за намалувањето на обемот на производство беше ниската содржина на метал во рудата. Во 2019 година, заврши експлоатацијата на рудното тело Бунарџик, oд кое вкупно се ископани 12,719 милиони тони руда – 102% од предвидените резерви.

И покрај, фактот што рудникот Бучим ја ископува една од најсиромашната руда со бакар во светот, во минатата 2019 година, компанијата оствари позитивен финансиски резултат, добивка пред оданочување во износ од 16,106 милиони евра (83% во споредба со остварените резултати во 2018 година).

Во 2019 година, со цел за да се обезбеди оперативната ефикасност и да се продолжи животниот век на работењето на компанијата најмалку до 2030 година, Бучим ДОО Радовиш започна со развој на новиот проект Боров Дол, кој ќе го наследи 40-годишниот рудник Бучим, кој моментално е во завршен процес.  Стратегијата на компанијата е да се изврши транзиција кон новиот проект, притоа да се минимизираат влијаниата врз животната средина, да се зачуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така и да се создадат и нови можности за работа за жителите на локалните општините.

Во изминатата 2019 година, рудникот плати данок на добивка на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 1,661 милиони евра (84% во споредба со претходната година). Kомпанијата исплати 1,222 милиони евра за концесиски надоместок за употреба на минерални суровини за 2019 година, од кои 78% се исплатени во буџетот на општина Радовиш и 22% во државниот буџет.

Социјалните придонеси од плата, за изминатата 2019 година, се остварени во износ од 1,657 милиони евра (99% споредно со истиот период од претходната година), при што стапката на наплатата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување е повисока за 0,4%, а на придонесите са здравствено осигурување за 0,1% споредено со истиот период од претходната година.

Просечната месечна плата во 2019 година изнесуваше 534 евра (98% во споредба со претходната година). Во 2019 година на вработените е исплатен регрес за користење на годишен одмор во износ од 106 илјади евра (99% во споредба со претходната година). Во 2019 година, исплатен е и еднократен надоместок во вид на отпремнина на работници кои се стекнале со право на пензија во износ од 14.000 евра. Од јануари 2020 година, компанијата започна со исплаќање на јубилејна (парична) награда на вработените кои имаат непрекинат работен однос со рудникот во ефективно траење од 15 години. До крајот на годината, се очекува да бидат наградени околу 210 работници кои ги исполнуваат условите.

Во 2019 година, компанијата инвестираше 110.000 евра во општествено одговорни практики. Изминатата година, компанијата поддржа спортисти, спортски клубови, млади музички таленти, инвестираше во образовни програми, обезбеди материјална помош на градската болница, обезбеди набавка на потребна опрема и инвентар за училиштата и градинките; учествуваше во поправка на објекти, обезбеди нов систем за греење на пелети за градинка и даде поддршка за развојот на културните програми во локалната заедница.

Во 2019 година, Бучим инвестираше 130.000 евра во областа на безбедноста и здравјето при работа –  набавка на лична и колективна заштитна опрема, средства за лична хигиена, технички преглед на опремата, набавка и сервисирање на ППА, медицински прегледи на вработените, набавка на тековни материјали за безбедност и обука на вработените.

Трошоците за ремонти и одржување во 2019 година изнесуваа 4,035 милиони евра. Планираните трошоци за одржување и поправки на главната технолошка опрема, објекти и градби во 2020 година се во износ од 2,673 милиони евра (59% во споредба со претходната 2018 година).

Во 2019 година, инвестициите за поддршка на производниот капацитет (набавка на опрема, машини, градежништво и сл.) достигнаа до износ од 670.000 евра. Инвестирани се 106.000 евра во програми за заштитна на животна средина, односно во рекултивација на ново изградените површини на хидројаловиште и санација на постоечките, редовен мониторинг на животната средина – површински и подземни води, атмосферски воздух, бучава во животната средина, емисии во воздухот, како и услуги за управување со отпад, и ревизии и проценки на трети лица од областа на животната средина.

Во 2019 година Бучим беше ресертифициран според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015, а во мај 2019 година беше успешно сертифициран со согласност со најновите стандардни меѓународни барања – ISO: 45001: 2018.

Од 10 март 2020 година, компанијата во согласност со мерките од надлежните органи воведе мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот.  Ги ослободи од работните обврски вработените кои имаат деца на возраст до 10 години и вработените со хронични болести, воведе ограничен влез за надворешни соработници и посетители, ги откажа сите настани и состаноци и го смени распоредот на исхрана во ресторанот, се со цел за да избегне собирање на голем број луѓе на едно место во исто време. Сите потребни превентивни заштитни мерки се применети, како што се дезинфекција на кабините на технолошките возила, опремата, работните простории и на вработените им е обезбеден потребниот број на антисептици и заштитни маски. Согласно забраната и посебниот режим за движење на територијата на РСМ, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес, претпријатието обезбеди дозволи за движење на 310 вработени за вршење на сменска и ноќна работа.  Дозволата е потврда за правото на движење на вработените додека траат мерките за посебниот режим за движење во услови на воведен полициски час.

Бучим донираше 50.000 евра со цел да помогне во справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија. 40.000 евра се донирани на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство и финансиска помош во висина од 10.000 евра е донирана на сметките на локалните здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица.  450 медицински заштитни маски за лице, се донирани за потребите на локалните институции во општина Радовиш и 150 заштитни одела на Клиничката болница во Штип.

Според планот за производство, во 2020 година е предвидено да се произведе 31 126 тони бакарен концентрат и 675 тони катоден бакар. Процесот на производство на бакарен концентрат во Бучим во 2020 година ќе се одвива според две шеми: производство на бакарен концентрат од концесискиот простор Бучим и од рудното тело Боров Дол. Планираната количина на преработена руда во 2020 година од концесискиот простор Бучим е 2,3 милиони тони, со производство на 15 935 тони бакарен концентрат, кој содржи 3 346 тони бакар и 194,8 кг злато, а од рудното тело Боров Дол се планира да се преработи 1,476 милиони тони руда, кое ќе резултира со производство на 15 191 тони бакарен концентрат, кој содржи 2.938 тони бакар.

Развој на рудникот Боров Дол

Во 2019 година Боров Дол реализираше околу 99,3% од годишниот план за раскривка. Изградбата на главните технолошки објекти започна во првата половина на 2019 година, и истите беа извршени во следниов обем: пристапен пат – 100%; транспортна трака и далноводи од 20 kV, градежни работи-83%, армирано-бетонски работи – 40%; објектот за примарно дробење и затворено складиште за руда, градежни работи – 90%, армирано-бетонски работи – 95%.

Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол во 2019 година изнесуваше 33,6 милиони евра.

Боров Дол, во 2019 година започна со инвестициската раскривка – ископани се 12,8 милиони тони искoпина. Вкупната инвестиција во ископувањето за изминатата година изнесуваше 11,7 милиони евра.

Во 2019 година трошоците на Боров Дол за проектирање на објектите и подготовка на истите за изградба изнесуваа 474.000 евра. За целосната имплементација на транспортната трака преку која ќе се транспортира издробената руда од рудникот Боров Дол до флотацискиот капацитет на Бучим, е ангажирана француската компанија „Techmi”. Системот за транспорт на издробената руда, се очекува да биде готов во септември 2020 година, а објектот за примарно дробење, од страна на изведувачот  „Metso Minerals“, се очекува да биде изграден во јули 2020 година.

Во 2019 година, Боров Дол инвестираше вкупно 14,1 милиони евра во набавка на потребната опрема. Рудникот во текот на  изминатата година склучи договори за набавка на подвижна опрема со Komatsu, Caterpillar, Epiroc и Sandviks.

Вкупниот износ на инвестицијата на Боров Дол во градежните работи во 2019 година изнесува 6,3 милиони евра.  Во текот на втората половина од  2019 година, по добивањето на дозволата за изградба на трасата за транспортната трака и далновод од општина Радовиш, рудникот започна со изградбата на трасата која што ќе ги поврзува Боров Дол и Бучим, како и објектот за примарно дробење каде што ќе биде поставена опремата за примарно дробење. Патот кој го поврзува Боров Дол со регионалниот пат беше комплетно изграден кон крајот на 2019 година.

Во 2019 година, Боров Дол, започна со процедурата за добивање на градежна дозвола за изградба на рударскиот комплекс:  извршена е пренамена на земјиштето во концесија за градежни цели, добиена е дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за промена на речните корита со цел заштита на површинските води, донесен е архитектонско-урбанистичкиот план на концесискиот простор од страна на Министерството за транспорт и врски на РСМ.

Во март, 2019 година, Боров Дол склучи договор со Комерцијална банка АД Скопје за одобрување на дологорчен кредит во износ од 25 милиони евра, од кои 14,8 милиони евра беа искористени за финансирање на договорите со Metso Mineral и Techmi, како и за инвестициската раскривка.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен од Боров Дол во 2019 година е 893 евра, споредено со просечната исплатена нето-плата од 585 евра во рударската индустрија во Република Северна Македонија во 2019 година, и со просечната нето-плата од 410 евра во државата.

Во текот на првото тримесечје од 2020 година, компанијата продолжи со активностите за исполнување на своите цели за отпочнување со работа на Боров Дол, кој ќе го продолжи животот на постоечкиот рудник Бучим. На почетокот на второто тримесечје од 2020 година, Боров Дол доби дозвола за градба од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и според планот ќе стартува со производство во септември 2020 година.

Според планот во 2020 година, Боров Дол планира да ископа 12,728 милиони тони материјал, од кој 1,729 милиони тони руда, со просечна содржина на бакар од 0,303% и 0,268 g/t злато. Во 2020 година според планот Боров Дол ќе произведе 2.938 тони бакар во концентрат и 184 кг злато во концентрат.

Вкупните инвестиции во 2020 година се очекува да бидат 35.757.000 евра од кои:

– Проектирање и административни процедури – 667.000 евра;

– Изградба – 12,1 милиони евра;

– Опрема – 15 милиони евра;

– Раскривка – 8 милиони евра.

Бучим ДОО Радовиш и Боров Дол ДООЕЛ Радовиш

Бучим ДОО Радовиш, е единствениот рудник за бакар во Република Северна Македонија. Рудникот за бакар е лоциран во близина на општина Радовиш и е најголемиот локален работодавец во регионот, кој целосно е посветен на своите социјални и еколошки одговорности.

Боров Дол ДООЕЛ Радовиш е единственото ново развиено рудно тело во РСМ во изминатите 40 години, преку кое ќе се продолжи работењето на постојниот рудник Бучим, ќе се зачуваат работни места и ќе се продолжи придонесувањето за регионалната и државната економија.

Од почетокот на 2005 година, рудникот Бучим е во сопственост на меѓународната компанија Солвеј Инвестмент Груп, која му обезбеди на рудникот долгорочна иднина. Групација го превзеде рудникот победувајќи на меѓународниот тендер на владата.

Comments are closed.