viber_image_2021-10-19_17-01-41-518

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТA

Со цел запознавање на медиумите и пред се засегнатата јавност со работата, правата и обврските на ДПТУ Боров Дол ДООEЛ Радовиш Ве информираме дека на 18.10.2021, oд страна на надлежните органи од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) извршен е вонреден инспекциски надзор врз основа на поднесена пријава за протекување.

На посочените локации извршен е вонреден теренски увид, при што во присуство на надлежните органи земени се примероци од водата во површинскиот водотек Пенлив Дол за утврдување на фактичката состојба со присуство на загадувачки материи во водата, односно за проверка на потенцијалната контаминација  од работењето на рудникот Боров Дол. Мострите се доставени на лабораториски испитувања во акредитирани лаборатории,  а наодите од анализите ќе бидат благовремено доставени до надлежните органи и јавноста.

Во досегашното работење на рудникот Боров Дол не се случил еколошки инцидент. Работните активности на рудникот се одвиваат во согласност со утврдените норми и стандарди од системот за заштита на животната средина според А-Интегрирана еколошка дозвола, во која што се вклучени условите за работа, задолженијата, мерките и активностите кои што треба да земат предвид за заштита на животната средина. Рудникот континуирано врши мониторинг на влијанијата врз животната средина и во своето работење се однесува внимателно и одговорно, со цел за да се избегне и спречи загадувањето на животната средина.

ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш е одговорна компанија која што е отворена за соработка со сите надлежни институции на државно и локално ниво, како и за комуникација со претставниците на граѓанските здруженија и локалното население, а воедно им стои на располагање и на медиумите, за какво било појаснување или одговор во секое време.

Comments are closed.