Bucim press release

Официјална изјава на ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш односно настан несреќен случај

На 13.10.2021 година во 11:43 часот, во рудникот за бакар “Бучим” ДОО Радовиш, во работната единица флотација се случи несреќен случај, при што две лица се починати.

Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб ПЛОЧА –  Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи –  чистење на високо недостапни силоси.  На лице место на несреќата, медицинскиот персонал на Бучим веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и лицата се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница –  Штип, каде што е констатирана смрт.

Известени и повикани се на лице место сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид. Службите за итни случаи и одговорните служби во моментов вршат истрага. Бучим целосно соработува во овој процес. Формирана е и комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања. Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени, веднаш штом ќе бидат достапни наодите.

“Бучим” ДОО Радовиш искажува искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на починатите лица. 

Comments are closed.