Во рамки на својата долгорочна заложба за општествена одговорност и поддршка на локалната заедница, ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш донираше патничко возило на ЈЗУ Општа Болница Струмица.
Со оваа донација, рудникот изразува конкретна поддршка за подобрување на мобилноста и логистичките капацитети на болницата, со што директно се придонесува кон поефикасна организација на здравствените услуги, особено во делот на теренска и административна поддршка.
„Корпоративната општествена одговорност не е само дел од нашата стратегија, туку суштински дел од нашата мисија. Преку поддршка на здравствени институции, како ја потврдуваме нашата заложба за зајакнување на системите кои се од витално значење за заедницата,,“ истакна Кристина Крстева, Заменик управител за одржлив развој рудниците Бучим и Боров Дол при примопредавањето.
ЈЗУ Општа Болница Струмица изрази искрена благодарност за донацијата, нагласувајќи дека ваквата поддршка е од особено значење за унапредување на нивната секојдневна работа. Бучим останува посветен на реализација на иницијативи кои носат долгорочна вредност за граѓаните и институциите во регионот.
