1635428513178786

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Радовиш, 22.10.2021

Денеска, во 08:45 часот, во рудникот Бучим се случи дефект на капак на цевковод, кој што предизвика краткотрајно истекување на мала количина на флотациска јаловина во Тополничка река.

Стручните екипи на рудникот, веднаш реагираа за итно решавање на дефектот, при што истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана. Дефектот е решен и во моментот исчистено е речното корито на реката во Тополница.

Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и од А-интегрираната еколошка дозвола, за настаната ситуација известенo e Министерство за животна средина и просторно планирање и повикани се надлежните органи од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Во тек е увид на лице место од страна на Државен инспектор за животна средина. 

Comments are closed.