Рудникот Бучим, како дел од својата стратегија за општествена одговорност и промоција на здрави животни навики, и оваа година со гордост беше дел од рекреативната трка „Superior Runs“ во Штип. Трета година по ред, Бучим се јавува како генерален спонзор на овој спортски настан, потврдувајќи ја својата континуирана посветеност кон поддршка на локалните заедници и иницијативите што промовираат здравје, спорт и инклузивност.
На трката учествуваа повеќе од 25 вработени од рудник Бучим, кои со својот ангажман, енергија и спортски дух ја истакнаа важноста на физичката активност како дел од културата на благосостојба и одржлив развој што компанијата ја негува. Вклучувањето во вакви настани претставува составен дел од пошироката ESG стратегија на Бучим (животна средина, општество и корпоративно управување), каде што фокусот е ставен на градење на поздрави, поодржливи и силни заедници.
„Горди сме што трета година по ред сме дел од ‘Superior Runs’ како генерален спонзор и што преку активното учество на нашите вработени придонесуваме кон промоција на здрави животни навики. Поддршката на спортски настани, вложувањето во заедницата и развојот на човечкиот капитал се клучни сегменти од нашата корпоративна стратегија,“ истакна Александр Раков, Управител на Бучим
„Вработените се срцето на Бучим, и затоа вложуваме во нивната благосостојба не само на работното место, туку и надвор од него. Учеството на трката ‘Superior Runs’ е одлична можност за тимско дружење, промоција на здрави навики и зајакнување на корпоративниот дух. Горди сме што трета година по ред сме дел од овој настан, и што преку спортот ја градиме културата на одговорност и заедништво,” додаде Мирослав Петров, раководител на човечки ресури
Бучим останува цврсто посветен на понатамошна поддршка на спортот, здравиот начин на живот и иницијативи што придонесуваат за благосостојба и развој на вработените и на пошироката заедница.







