Млади талентирани радовишани ќе ја претставуваат својата земја на Salzburg Festival’s Opera Camp 2019
Организациониот комитет на Solway Music Fellowship во соработка со Salzburg Festival избра вкупно 6 финалисти од Македонија, Украина и Гватемала кои ќе бидат дел од Opera Camp во Салцбург. Повеќе од 40 креативци, на возраст од 14 – 17 години, изразија интерес за аплицирање за програмата. 39 го продолжија своето патување до славата по завршувањето на првиот круг на елиминација, а само 6 (по 2 од земја) добија целосна стипендија, која ги покрива трошоците за патување и виза, сместување, како и едукативни и забавни активности во Салцбург, Австрија.
Стефан Ефтимов и Моника Трајанова од Македонија, Мигел Тиул и Карлос Гузман од Гватемала, Артур Ардејан и Анастасија Лавренјук од Украина, добија извонредна можност да го доживеат најреномираниот светски фестивал на класична музика учествувајќи на Salzburg Opera Camp за деца и млади. Финалистие ќе поминат една недела (4 август до 10 август), без своите родители, во Schloss Arenberg, каде ќе работат со светски познати едукатори за музика, театарски професионалци, сценски дизајнери и танчери, додека ја поставуваат уникатната верзија на операта “Едип” на Џорџ Енеску, која ќе се изведува на Salzburg Festival. Младите победници ќе присуствуваат на пробата на “Едип” и ќе имаат можност да одат зад сцената. На крајот од неделата, заедно со другите ученсици од кампот, ќе изведат своја верзија на операта пред публика.
39-те избрани кандидати требаше да поминат 24 неделен курс по англиски јазик со цел да стигнат до вториот елиминациски круг. Како нивна последна задача, апликантите мораа да снимат 90-секундно креативно видео во кое на англиски јазик ќе ги изразат своите вештини за презентирање и ќе ги покажат своите таленти во некои уметнички дисциплини. Жирито, претставено од Salzburg Festival, креативниот тим на Opera Camps и претседателот на одборот на Solway Investment Group, ги оцени презентираните видеа врз основа на различни критериуми: креативност, комуникациски вештини, ангажирање во процесот на учење на јазикот, како и нивното ниво на познавање на англискиот јазик.
За своите извонредни академски резултати, желбата за учење и креативен пристап, жирито ги награди Барбара Стојанова од Македонија, Вероника Перепелица од Украина и Диего Раул Цак од Гватемала со специјална награда – еден месец интензивни часови по англиски јазик кои ќе се одржат во Јуни.
Целосната листа на избраните финалисти на Solway Music Fellowship Program може да се види на следните линкови:
Украина
https://solwaygroup.com/musiccamp/ukraine-final-2019/
Македонија
https://solwaygroup.com/musiccamp/macedonia-final-2019/
Гватемала