IMG_3145

Безбедноста и здравјето при работа е важен сегмент во работењето на рудникот Бучим

Рудникот Бучим како одговорен работодавач, континуирано обезбедува соодветни обуки  за стручно усовршување на своите вработени во областа на безбедноста и здравјето при работа, со цел да им ги прошири знаењата и вештините за подобро и побезбедно работење кое доведува до тоа да се подобри состојбата на вработените преку намалување на повредите и несреќите на работното место.

За таа цел, минатата недела во просториите на рудникот Бучим, во организација на ТЕХНОЛАБ Скопје, се одржа обука на тема:Употреба на лична заштитна опрема на работни места изложени на хемиски штетности. На оваа обука земаа учество 25 стручни лица од работните единици на Бучим и 10 надворешни заинтересирани стручни лица за БЗР.

Преку изложување на практични примери и активно учество на учесниците на обуката, на стручните лица им беше овозможено запознавање со опасностите и штетностите кои произлегуваат од работните места изложени на хемиски штетности, ризиците со кои можат да се соочат вработените како и мерките кои се применети и треба да се применуваат за безбедно извршување на задачите.

Безбедноста и здравјето при работа има значајно место во работењето на рудникот и затоа Бучим се стреми кон вопоставување на модерни, функционални и усогласени системи за безбедност и здравје при работа. Образованието и обуката на вработените од областа на безбедност и здравје при работа се едни од најважните фактори за безбедност и здравје при работа. Рудникот Бучим се  стреми да обезбеди што е можно повеќе информации и знаења за своите вработени. Колку е поголема општата свест, толку е помал ризикот од повреди при работа. Обуките овозможуваат да се подигне способноста за соодветно постапување во дадена ситуација на повиско ниво. Секој вработен треба да ги знае основните правила за заштита и истите се стекнуваат со постојаното залагање и вложување од областа на безбедност и здравје при работа.

 “Бучим е компанија која го следи и почитува законот за Безбедност и здравје при работа. Ние постојано вложуваме во здравјето и безбедноста на своите вработени и работиме на креирање на превентивна култура за елиминирање и справување со ризиците по безбедноста и здравјето на работниците. Во таа насока, едукацијата е неопходна. Преку едукацијата и размената на искуства се зајакнува и способноста за соодветно и безбедно работење и токму затоа ние посветуваме посебно внимание за обука и доусовршување на нашите вработени. ” истакна Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим

Comments are closed.