WhatsApp Image 2026-05-15 at 15.10.11 (1)

БУЧИМ И УГД ЈА ЗАЈАКНУВААТ СОРАБОТКАТА МЕЃУ ОБРАЗОВАНИЕТО И ИНДУСТРИЈАТА

Рудникот продолжува да ја развива соработката со Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со цел поддршка на практичната едукација и доближување на студентите до реалните индустриски процеси и можностите што ги нуди рударскиот сектор.

Во рамки на континуираната соработка со Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Бучим беше посетен од 13 студенти од прва и втора година од насоките геологија и рударско инженерство, придружувани од професор од факултетот.

За време на посетата, студентите имаа можност непосредно да се запознаат со процесите на геолошки истражувања, површинска експлоатација и преработка на минерални суровини, како и со современите технологии, механизација и работни процеси што се применуваат во рударството.

Ваквите активности претставуваат значаен дел од континуираната соработка помеѓу Бучим и УГД – Штип и имаат за цел да придонесат кон поголем интерес на младите за техничките и инженерските професии, како и да овозможат директно поврзување на студентите со индустријата уште во текот на нивното образование.

Бучим останува посветен на поддршка на младите кадри и создавање можности за нивен професионален развој, препознавајќи дека идните инженери и геолози претставуваат важен дел од развојот на современата индустрија.

Comments are closed.