WhatsApp Image 2026-08-04 at 16.27.52

Човековите права како составен дел од одговорното управување во Бучим

Со ревидираната Политика за човекови права, Бучим ја утврдува рамката за заштита на луѓето, управување со ризиците и одговорно донесување одлуки.

Бучим ја објавува ревидираната Политика за човекови права, со која дополнително го уредува пристапот кон прашањата што можат да ги засегнат вработените, изведувачите, деловните партнери и локалните заедници.

Во рударската индустрија, деловните одлуки се непосредно поврзани со условите за работа, здравјето и безбедноста, работничките права, односите со изведувачите и влијанијата врз заедниците. Поради тоа, почитувањето на човековите права е важен дел од управувањето со оперативните, општествените и репутациските ризици, како и од градењето долгорочна доверба со засегнатите страни.

Политиката ги опфаќа принципите на човечко достоинство, еднаков третман, недискриминација, безбедна и почитувачка работна средина и заштита од вознемирување и одмазда. Таа ги утврдува и очекувањата од деловните партнери, како и можноста за пријавување загриженост преку достапни канали и нејзино непристрасно разгледување.

Одговорното рударство подразбира јасни принципи, отвореност кон засегнатите страни и подготвеност навремено да се постапува кога постои ризик за луѓето. Со ревидираната Политика за човекови права ја зајакнуваме рамката врз која се темелат нашите одлуки, деловни односи и одговорноста на сите организациски нивоа“, изјави генералниот директор на Бучим, Александр Раков

За Бучим, оваа Политика е дел од системот на корпоративно управување преку кој влијанијата врз луѓето и заедниците се земаат предвид при планирањето и спроведувањето на деловните активности. Нејзината примена придонесува кон доследно постапување, јасни одговорности и поголема отчетност во односите со сите засегнати страни.

Comments are closed.