WhatsApp Image 2024-05-31 at 11.10.06 (2)

Бучим и Боров Дол ги отвораат вратите за идните рударски професионалци на УГД – Штип

Студентите од источниот регион добија уникатна можност да се запознаат со можностите во рударската индустрија благодарение на учеството на рудниците за бакар Бучим и Боров Дол на првиот Отворен и кариерен ден во организација на УГД.  Ова значаен чекор кон зајакнувањето на врските помеѓу рударскиот сектор и следната генерација професионалци, поттикнувајќи одржливи и етички практики.

Денот на отворени врати и кариерен развој, кој се одржа на УГД – Штип, обезбеди непроценлива платформа за директен ангажман помеѓу рударската заедница и студентите кои се заинтересирани за кариера во оваа динамична индустрија. Како дел од својатa заложба за поттикнување на професионалниот развој, Бучим и Боров Дол ги промовираа различните можности за кариера достапни во рамките на нивните операции, кои ги опфаќаат териториите на Штип, Радовиш и Конче.

Александр Раков, Управител на рудниците Бучим и Боров Дол, го изрази својот ентузијазам за настанот, велејќи: „Учеството на Денот на отворени врати и кариера на УГД – Штип ја нагласува нашата посветеност кон поддршка на локалниот талент и промовирање на рударската професија. Насочени сме кон овозможување на развој и образование за младите професионалци, обезбедувајќи им можности за кариерен раст и напредок во нивната татковина.

За време на настанот, студентите имаа можност директно да комуницираат со претставници од Бучим и Боров Дол, добивајќи увид во различните улоги и одговорности во рударскиот сектор. 

Мирослав Петров, раководител на секторот за човечки ресурси во Бучим и Боров Дол, ја истакна важноста на образованието и практичната обука во обликувањето на идните рударски кадри. “Преку интерактивни презентации и практични обуки, нашата цел е ги запознаеме студентите за можностите кои се достапни во нашите рудници. Преку поттикнување на културата на учење и иновации, имаме намера да развиваме квалитетен кадар кои ќе ја формираат и обликуваат иднината на рударската индустрија.

Бучим и Боров Дол остануваат цврсти во својата посветеност на одржливост, развој на заедницата и одговорно управување со ресурсите. Настаните како Денот на отворени врати и кариерен развој служат како катализатори за соработка и размена на знаење, поставувајќи ја основата за енергична и одржлива иднина во рударската индустрија.

Comments are closed.