Bucim press release

Јубилејни награди за 15 години непрекината работа во БУЧИМ ДОО Радовиш

Бучим ДОО Радовиш од Јануари 2020 година започна со исплаќање на јубилејна награда на вработените во рудникот кои согласно Колективниот договор ги усполнуваат условите за тоа.

Врз основа на член 113 став 2 од Законот за работни односи, член 35 став 3 алинеја 3 од Општиот Колективен Договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Северна Македонија како и член 26 од Статутот на ДПТУ “БУЧИМ” ДОО – Радовиш, Органот на Управување –Управители донесе одлука на сите вработените во Друштвото со непрекината работа во ефективно траење од 15 години да им се додели јубилејна (парична) награда за 15 години непрекината работа кај ист работодавач.

Основица за пресметување на јубилејната (парична) награда ќе биде во висина на една просечна месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија исплатена во последните 3 месеци сметано на денот на исплатата.

Исплатата на паричниот надомест по основ јубилејна парична награда, започна да се применува од 01.01.2020 година при исплата на платата за месецот кој истекол за вработените кои се стеканале со правото на исплата во тој месец. До крајот на година, се очекува да бидат нагарадени околку 210 долгогодишни работници на рудникот.

Ги почитуваме законските норми и трудот на лојалните и вредни вработени соодветно го вреднуваме. Ние ја цениме посветеноста на нашите вработени и свесни сме за одговорноста на работата што ја извршуваат. Вработените се столбот на нашиот успех и грижата за нашите вработени и понатаму ќе продолжи.”  –  Николајчо Николов, заменик генереален директор на Бучим ДОО Радовиш

Comments are closed.