Screen Shot 2020-09-22 at 15.17.35

Бучим доби А – Интегрирана еколошка дозвола

Рудникот за бакар ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш по реализација и исполнување на обврските од оперативниот план, од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби А – Интегрирана еколошка дозвола.

Со добивањето на интегрираната еколошка дозвола, се покажува дека рудникот Бучим ги задоволува сите стандарди на локално и светско ниво и целосно се обврзува да ги почитува и следи барањата од државата во однос на еколошките стандарди кои треба да се исполнуваат и неговата подготвеност за преземање на сите потребни мерки за да се сведи на минимум влијанието врз животната средина. 

Доделувањето на А – Интегрираната еколошка дозвола е резултат на имплементираниот оперативен план на рудникот и примената на највисоките стандарди за заштита на животната средина која рудникот ќе продолжи да ги применува и во иднина. Во оваа еколошка дозвола се опфатени и наведени сите услови за работа на рудникот за одржување на највисоко ниво на контрола на можното негативно влијание на компанијата врз животната средина. Одредени и проценети се условите за работење на рудникот предвидени со македонското законодавство, почнувајќи од најдобрите достапни техники за работа, начинот на вршење на мониторинг,  контрола на процесот на производство, управување со отпадот, па сè до затварање и конзервирање на инсталацијата.

А-Интегрираната еколошка дозвола е потврда за нашите досегашни напори и вложувања во областа за заштита на животната средина, усогласеност со стандардите, а воедно претставува и гаранција дека и понатаму ќе продолжиме со примена на највисоките стандарди за заштита на животната средина, “ истакна Николјачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

Comments are closed.