ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш со својата најнова иницијатива во Конче ја продолжува својата заложба за одржлив развој на заедницата. Минатата година компанијата започна слична иницијатива во градот Радовиш, а овој нов проект е втор од ваков вид. Со донација од 10.000 м3 тампон од дробен камен, во вредност од приближно 40.000 евра, Бучим обезбедува витална поддршка за локалните инфраструктурни проекти.
Тампонот ќе се користи за подобрување на локалните улици, подобрување на пристапот до домовите и подобрување на комуникацијата и поврзувањето меѓу населените места. Посветеноста на рудникот Бучим за одржлив развој на заедницата се рефлектира во оваа донација, која позитивно ќе влијае на животите на жителите во областа.
„Во Бучим се стремиме да бидеме одговорни корпоративни граѓани и горди сме што позитивно влијаеме на заедниците во кои работиме“, рече Олег Чусовитон, генерален директор на Бучим ДООЕЛ Радовиш. „Нашата донација на тампон е опиплив израз на нашата посветеност за одржлив развој на заедницата и сме горди што ги поддржуваме општините во нивните напори за подобрување на локалната инфраструктура”.
Оваа нова иницијатива од Бучим се надоврзува на тековната посветеност на компанијата за општествена одговорност, одржливост и развој на заедницата. Со донирање на дробен камен – тампон оза локални инфраструктурни проекти, рудникот Бучим ја демонстрира својата посветеност на растот и развојот на заедницата.