IMG-9db815718e76b9c13422d83fa29f4b57-V

Бучим ДОО Радовиш воведе мерки за превенција и заштита од Covid-19 (коронавирус)

Во интерес на јавното здравје и справување со закана од коронавирусот, во согласност со препораките на Светската здраствена организација, Министерство за здравство и Владата на Република Северна Македонија, Бучим ДОО Радовиш презеде низа зголемени мерки за заштита на здравјето и безбедноста на своите вработени. Во целост се почитуваат мерките и препораките од 15-та седница на Владата на РСМ, а се однесуваат на справување со заканата од COVID–19 (коронавирус). 

Со цел подобро справување и спречување на ширењето на вирусот, како и во согласност со мерките на надлежните институции, ве известуваме дека Бучим ДОО Радовиш донесе Одлука за ограничено влегување на надворешни соработници и посетители за периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Коронавирус COVID–19 и ги откажува сите настани, средби, собири, обуки, состаноци, семинари и останати патувања предвидени за времето од овој период. Во рудникот ќе бидат пропуштени надворешни соработници/посетители само за итни и неодложни работи под посебни превентивни услови. Добавувачите кои вршат транспорт на стоки ќе се пропуштат согласно мерките и препораките за заштита под посебни превентивни услови до местото за утовар/истовар по претходно извршена дезинфекција и без директни контакти со вработените. Службата за обезбедување при пропуштање на влезно-излезна капија на надворешни соработници/посетители ги применува сите неопходни превентивни мерки за заштита како дезинфекција на лицата при влегување во друштвото, усни упатства за избегнување на директни контакти со вработените како и непотребни контакти со предмети.

Согласно насоките од 28-та седница на Владата на РСМ и одлуката за дополнување на Одлуката за изменување на забрана и посебен режим за движење на територијата на РСМ, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес, Бучим ДОО Радовиш поднесе образци за издавање на Дозвола за движење на 310 вработени поради вршење на сменска и ноќна работа. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час.

Апелираме за периодот во кој траат заштитните мерки да се користат електронските комуникациски канали за комуникација.

Comments are closed.