По повод одбележувањето на деведесет и осум годишнината на Стопанската комора на Македонија, на 19.02.2020 година, беа доделени награди и признанија на компании-членки кои со своите активности ја обележаа 2019 година и кои долги години придонесуваат за коморското работење и за развојот на македонското стопанство.
На одбележувањето на 98-та годишнина од постоењето на Комората, рудникот Бучим беше одликуван со „Награда за долгогодишна активна членка на Стопанската комора на Македонија“. Наградата, која претставува официјално признание на бизнис заедницата за придонесот на рудникот Бучим кон развојот на македонското стопанство, му беше врачена на заменик генералниот директор на Бучим ДОО Радовиш, г-дин Николјачо Николов.
“Рудникот Бучим постојано се труди и прави напори преку своите инвестиции и активности да допридонесува за развојот на македонското стопанство. Афирмацијата за работењето и придонесот на рудникот, од страна на бизинс заедницата, нам ни дава уште поголем поттик за понатамошно работење, инвестирање и подобрување на македонската економија.” истакна Николајчо Николов, заменик генералeн директор на Бучим ДОО Радовиш.
Рудникот Бучим, како долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, активно е вклучен во работата на Македоснката асоцијација на рударството – МАР, како и во работата на органите на Комората.
Настанот се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје, во присуство на претставници на стопанството, претставници на државните институции и на дипломатскиот кор.