Денес “Бучим” ДОО Радовиш, единствениот рудник за бакар во Северна Македонија, слави 40 години во рударската индустрија и придонес во економијата на земјата, регионот и градот. Официјалната прослава се одржа утрово во рудникот, во присутство на Премиерот на Република Северна Македонија, други почесни гости, партнери и граѓаните на општина Радовиш.
Во 2019 година, Бучим ги одбележува своите 15 години работење во рамките на групацијата Solway Investment Group со седиште во Швајцарија. Уште од своето основање во 1979 година, Бучим ги поздравува сите промени и можности потребни за да се развива, постои и да остане успешен производител, одговорен сосед и одговорен работодавач.
Во текот на изминатите 15 години, Бучим доживеа исклучителен раст и развој. Денес рудникот Бучим е водечки рударски проект и единствен оперативен рудник за бакар во Република Северна Македонија со годишен производствен капацитет од над 40.000 тони бакарен концентрат кој содржи злато.
За да го обезбеди успехот на Бучим, Solway Investment Group, од 2005 година инвестираше над 78 милиони евра во модернизацијата и развојот на рудникот. Бучим константно придонесува за иницијативите за безбедност и здравје при работа, заштита на животната средина и развојот на граѓанската инфраструктура на Бучим, неговиот роден град и соседните општини. Износот на социјални инвестиции во развојот на граѓанската инфраструктура, безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина од 2005 година изнесува околу 5 милиони евра и расте на годишно ниво.
Во своето обраќање, по повод празнувањето на јубилејот, Премиерот на Република Северна Македонија, г-н Зоран Заев рече:” Продолжуваме заедно да работиме на унапредување и развој на рударскиот сектор во Република Северна Македонија како важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите!”
Васил Борутскиј, генерален директор на Бучим ДОО Радовиш: “ И покрај сите проблеми поврзани со добивањето на дозволите, проектот Боров Дол е во тек и ние планираме да ја транспортираме првата руда од рудното тело Боров Дол во погонот за флотација на Бучим пред следниот празник на рударите во 2020 година. Имплементацијата на проектот „Боров Дол“ ќе овозможи продолжување на животниот век на рудникот најмалку за 10 години со значителни годишни придонеси во буџетите на државата и општините”
Николајчо Николов, заменик директор на Бучим ДОО Радовиш додаде: „Пред четири децении, рудникот се предвидуваше да работи само 17 години, а еве не денес славиме 40 години! Тоа е сведоштво за успешното работење на Бучим. Нашите достигнувања беа импресивни, и сега нашата иднина е најважна за нас. Чест ни е што ги славиме нашите достигнувања заедно со нашите вработени и партнери. Ова се импресивни 40 години и со нетрепение ги очекуваме наредните 10, за да прославиме 50!”
Во 2018 година компанијата започна проект за отворање на новото рудно тело – Боров Дол, кој ќе овозможи продолжување на ископувањето на бакарнтаа руда до 2030 година и со тоа ќе се максимизира животниот век на експлоатација, флотацијата и другите постоечки објекти во рудникот Бучим.
Беспрекорната репутација на раководството на Бучим, нивната подготвеност да се прилагодат на променливите барања на современиот свет и ефикасна инфраструктура изградена низ годините, отвораат уникатни можности за понатамошна регионална консолидација и заеднички безбеден развој на други рударски проекти, минимизирајќи го влијанието врз животната средина.
Дан Бронштејн, Претседател на одборот на Директори на Solway Investment Group изјави: “40-годишнината на Бучим е совршен повод да се навратиме назад во минатото, но и да погледнеме напред на иднината. Во 2005 година, потребна беше одредена креативност и желба да се соочат со пресметани ризици за да го доведат Бучим до успех. Можам да кажам дека мило ми е што ја искористивме оваа можност пред 15 години и покрај сите технички, социјални и економски предизвици, ги испорачавме нашите ветувања. Би сакал да се заблагодарам на Владата на Северна Македонија, луѓето од Радовиш, вработените во Бучим, нашите партнери и останатите засегнати страни за лојалноста и довербата што ја покажаа во текот на овие години. Верувам дека со такво вклучување и поддршка, заедно ќе имаме многу просперитетни години во иднина.“