DSCF4122

Бучим работи согласно барањата по меѓународните ISO стандарди

Бучим ДОО Радовиш, единствениот рудник за бакар и злато во Република Северна Македонија успешно ја помина интерната годишна ревизија со која се потврдува работењето на компанијата во согласност со меѓународните стандарди  ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001.

Редовната годишна интерна проверка во рудникот беше спроведена во мај годинава. Проверени се сите точки од барањата на стандардите од страна на сертификационото тело TÜV NORD CER. Извештајот од проверката потврди дека не постои несуогласеност т.е. неисполнување на барањата од стандардите и дека рудникот работи свесно и одговорно, согласно меѓународните водечки стандарди.

За да се обезбеди континуирано подобрување, како и исполнување на барањaта на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018, рудникот строго ги почитува и контролира имплементираните стандарди. Редовно се вршат интерни и екстерни проверки за да се потврди усогласеноста на работењето со меѓународните стандарди.

Рудникот ги користи стандардите за да ги внесе најдобрите светски практики во своите производствени операции и редовно се спроведуваат проверки на системите за квалитет, безбедност и здравје при работа и животна средина. Посветени сме на почитување на ISO стандардите и постојано вложуваме напори во подбрувањето на нашето работење”, истакна Николајчо Николов, заменик генералeн директор на Бучим ДОО Радовиш.

Comments are closed.