DSCF3887 a

БУЧИМ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

24.10.2019

Денеска, рудникот за бакар Бучим, како пример на добра практика на совесен и одговорен работодавач што се грижи за безбедноста и здравјето на своите вработени и обезбедува достоинство и хуманост во работните односи, во областа на безбедноста и здравјето при работа, одржа презентација на добра пракса  на настанот огранизиран по повод одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа.

Секоја година, 43-тата недела во годината, од страна на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) е одредена како Европска недела на безбедност и здравје при работа. Во рамките на нејзиното одбележување Министерството за труд и социјална политика во соработка со Националниот совет за безбедност и здравје при работа, организираше средба во Клуб на пратеници, Скопје, на која рудникот за бакар Бучим ДОО Радовиш изнесе презентација на својата пракса за безбедност и заштита при работа воспоставена во компанијата на тема: “Управување со опасни супстанции на работно место.”

Рудникот Бучим е меѓу првите компании во Северна Македонија која поседува меѓународен сертификат за систем за управување со безбедност и здравје при работа ISO 45001:2018.

Како компанија која континуирано вложува во здравјето и безбедноста на своите вработени и работи на креирање на превентивна култура за елиминирање и справување со ризиците по безбедноста и здравјето на работниците, рудникот Бучим од страна на Министерството за труд и социјална политика, како компанија која ги следи и почитува европските политики во областа на безбедноста и професионалното здравје, беше поканет да ја изнесе својата пракса на БЗР со која ќе придонесе во подигнувањето на свеста за присуството на опасни супстанции на работните места, за ризиците по животот и здравјето на работниците предизвикани од изложувањето на опасни супстанции на работното место и за тоа на кој начин треба да се управува со опасните супстанции со цел да се избегнат или минимизираат ризиците.

“Се надеваме дека со споделување на нашата практика ќе дадеме реален придонес кон создавање на модерен и современ систем за безбедност и здравје на работа во Република Северна Македонија и тоа треба да го направиме не заради вклученост во европски ориентирани кампањи, туку едноставно затоа што нашите работници заслужуваат достоинствени и безбедни услови за работа, а ние како работодавачи сме должни тоа да им го овозможиме. Имајќи во предвид дека образованието во областа на безбедност и здравје при работа е клучот во постигнување на прогрес за унапредување на условите во работната средина и превенцијата на професионалните болести и повреди на работа, ние како компанија постојано вложуваме во обуки на нашите вработени.” –  Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим ДОО Радовиш

Comments are closed.