396535299_826244359509033_8029294974850233080_n-2

Во Штип пуштено е во употреба детско игралиште, донација на рудник Боров Дол

Рудникот со задоволство ja објавува донaцијата на сосема ново игралиште за децата од Штип. Оваа донација ја одразува посветеноста на компанијата за развој на заедницата и нејзината посветеност кон подобрување на условите во општеството и животот во целост.

Новото детско игралиште, опремено со најсовремени реквизити за индивидуални или игри во група, беше пуштено во употреба на 27 октомври  во присуство на граѓани на Штип, градоначалникот на Општина Штип, претставници на локалната самоуправа и претставници на рудниците Боров Дол и Бучим. Вредноста на донацијата е  околу 22.000 илјади евра.

Веруваме дека оваа донација ќе даде свој скромен придонес за разиграни детства на најмладите жители на Штип. Игралиштето е изградено во соработка со Општина Штип, која во рудникот Боров Дол препознарелевантен партнер за соработка и поддршка на општествено корисни проекти како што е детското игралиште,” изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Бучим и Боров Дол

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов се заблагодари за донацијата која е една од потребите на градот и содржина што недостига за правилен детски развој и социјализација на децата,  Како општествено одговорна компанија Боров Дол  се одлучи да донира една ваква содржина за најмалите дечиња кои верувам дека ќе го користат и чуваат. Изразувам благодарност до рудникот Боров Дол кој што се одзва на нашиот повик и кој што допринесе во населба Сењак, најмладите генерации да имаат едно поубаво катче за забава и место за рекреација.

Рудникот Боров Дол е во постојана соработка со заедниците и својот раст и развој го базира на постојана соработка со заедниците и нејзините жители без разлика дали станува збор за мал локален проект или значаен инфраструктурен објект. Како општествено одговорна компанија  во текот на годината реализира проекти значајни и на локално, но и на национално ниво.  

Само со одговорно дејствување можеме успешно да создаваме реални промени во заедниците. Преку нашето работење настојуваме да создаваме трајни вредности и можности за одржлив раст и развој на општеството,” истакна Александр Раков, генерален директор на Бучим и Боров Дол.

Comments are closed.