На 6-ти ноември 2024 година, рудникот за бакар Боров Дол беше домаќин на делегација од Република Естонија, како дел од програмата на за размена на знаења и искуства во областа на рударството. Делегацијата беше составена од претставници од Министерството за клима, Одделот за минерални ресурси и Геолошкиот завод на Естонија, како и претставници од Геолошкиот завод на Република Северна Македонија и претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Посетата беше фокусирана на запознавање со македонските практики за експлоатација на минерални суровини, техничките стандарди и регулативите што ги применува рудникот Боров Дол.
„За нас, оваа посета претставува значаен чекор во зацврстувањето на меѓународната соработка и во промовирањето на нашите одржливи рударски практики. Гостите од Естонија покажаа голем интерес за технолошките и еколошките аспекти на нашиот рудник, што само потврдува дека Боров Дол е еден од водечките рудници во регионот,“ изјави Заменик управителот на рудниците Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетров
Посетата заврши со продуктивна дискусија за идни можности за соработка, со посебен акцент на развојот на одржливи рударски практики и примена на иновативни технологии.


