DCIM100MEDIADJI_0318.JPG

Изградбата на Боров Дол се одвива според планот за развој

Новиот рудник за бакар „Боров Дол“ продолжува со инвестициите според планот.  

Сите подготвителни работи за изградба на транспортната трака се завршени, а подготвителните работи за постројката за примарно дробење и инвестициската раскривка се во завршна фаза.

Одобрена е втората транша од инвестицискиот кредит од Комерцијална банка АД Скопје во износ од 5,5 милиони евра и беше искористена за финансирање на изградба на транспортната трака, изработка на опрема за примарно дробење и инвестициска раскривка. Вкупната цена на проектот изнесува 60 милиони евра, а изградбата на објектите ќе започне во 2020 година.

Според планот, Боров Дол треба да започне со работа во септември 2020 година. Во текот на предвидениот животен век, моментално проценет на 10 години, се очекува Боров Дол годишно да произведува приближно 4,5 милиони тони бакарна руда.

Проектот Боров Дол го наследува 40-годишниот рудник Бучим, кој моментално е во завршен процес. Градежните и оперативните планови обезбедуваат минимално влијание врз животната средина врз соседните региони и взаемна корист на вработените, инвеститорите и жителите на општините Конче, Радовиш и Штип.

За да се минимизира влијанието врз животната средина, Боров Дол ќе ги користи веќе постоечките постројки на Бучим за преработка и складирање на руда, а ископаната руда ќе се транспортира преку покриена транспортна трака долга 7 км. Ваквото современо инженерско решение за транспорт на руда, го контролира ширењето на прашина и го сведува загадувањето на воздухот на минимум. Со новиот рудник се зачувуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така се создаваат и нови можности за жителите на општина Конче, на која што и припаѓа поголемиот дел од концесијата за рудникот Боров Дол.

Нашата цел е да воспоставиме одржлив развој на Боров Дол, посветувајки се на еколошките, социјалните и безбедностите стандарти, со што ќе придонесеме за позитивен развој на рударството во регионот.‘“ – Павел Кривинскиј, Управител на Боров Дол

Comments are closed.