Archaeology_Symposium

Меѓународeн симпозиум „Рударство и археологија“

Бучим ДОО Радовиш го поддржува Меѓународниот симпозиум „Рударство и археологија“

Како дел од својата политика за одржливост и програмата за зачувување на културното наследство Бучим ДОО Радовиш целосно го поддржува меѓународниот симпозиум од областа на археологија и рударство. Настанот е во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Штип и ќе се одржи од 12 – 15 септември 2019 година во Штип.

Во текот на тридневниот меѓународниот симпозиум, педесет и осум автори од Северна Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Австрија, Германија и Велика Британија ќе презентираат 28 научни трудови за резултатите од најновите археолошки истражувања за рударство и металургија од периодот на најраната праисторија, па се до османскиот период на територијата од Балканскиот полуостров.

Со овој меѓународен симпозиум се заокружува осумгодишната соработка помеѓу НУ Завод за заштита на споменците на културата и Музеј-Штип и рудникот Бучим за заштита и зачувување на историското и клутурното наследство во регионот.

Поддржаните интердисциплинарни истражувања за појавата и почетокот на металургијата во праисториските култури се први од ваков вид во историјата на Северна Македонија, а започнаа уште во 2011 година кога за прв пат се спроведоа заштитни археолошки ископувања на просторот на кој што ќе се отвори новото рудно тело  Боров Дол. Во текот на годините извршени се археолошки истражувања на локалитетите Боров Дол, Марчево и Тополничка река. Од арехолошките истражувања се пронајдени елементи кои укажуваат дека овој простор бил рударски и металургиски центар уште од времето на доцниот бронзен период и раното железно време.

Резултатите од ова интердисциплинарно истражување (2011-2018година) нудат недвосмислени и директни докази, за постоењето на развиена екстрактивна металургија во текот на доцното бронзено и почетокот на железното време во овој регион. Наодите од ова истражување се и основа за пошироки истражувања кои ќе дадат значаен придонес во научно-истражувачката дејност на археолошкото културно наследство.

Артефактите пронајдени за време на недомнешните ископувања ќе бидат изложени во Уметничката галерија “Безистен” – Штип, како дел од изложбата “Боров Дол 2011-218 година“ во чест на официјалното отварање на Меѓународниот симпозиум од областа на арехологијата на тема “Рударство и Археологија“.

Николајчо Николов, заменик генерален директор на Бучим: „Рударството и металургијата отсекогаш биле важен технолошки и економски дел од развојот на човештвото. Денес е една од основачките индустрии во модерната економија на Северна Македонија. За да развиваме здрави бизниси, a притоа истовремено да го зачуваме и наследството и да ја заштитиме животната средина, мора да ги истражуваме и научиме лекциите од минатото. Среќни сме што имавме можност да бидеме дел од ова историско истражување кое поставува основи за понатамошни научни студии. Се надеваме дека ќе имаме и други прилики за вакви собири од областа на рударство и археологија, кои со задоволство ќе продолжиме да ги подржуваме.”

Comments are closed.