Во рамки на својата општествена одговорност и континуираната грижа за вработените и нивните семејства, рудникот Бучим на 21 декември 2025 година организираше предновогодишна прослава за децата на вработените.
Настанот обедини 110 деца и нивните родители и беше осмислен како празнична, едукативна и хуманитарна активност, со јасна цел да се зајакнат чувството на припадност, заедништво и солидарност, како и да се поттикнат позитивни вредности кај најмладите.
Програмата беше прилагодена на возраста на децата и вклучуваше детска театарска претстава со наслов „Каде е Дедо Мраз?“, како и интерактивни активности во кои децата активно учествуваа. Посебен сегмент од настанот беше хуманитарната акција за донирање играчки, преку која децата беа охрабрени да споделуваат и да развиваат чувство на емпатија и општествена одговорност. Собраните играчки ќе бидат донирани на Црвениот крст – Радовиш, со цел да им бидат доделени на деца од социјално ранливи категории.
Оваа иницијатива има двоен ефект – од една страна создава радосно и безбедно празнично искуство за децата на вработените, а од друга страна придонесува кон развој на култура на солидарност и активно учество во општествено одговорни активности уште од најрана возраст.
Со ваквите активности, Бучим ја потврдува својата заложба за градење позитивна и поддржувачка работна средина, во која семејните вредности и грижата за луѓето се составен дел од корпоративната култура. Истовремено, преку вклучување на децата во хуманитарни активности, компанијата придонесува кон развој на социјална свест, емпатија и чувство на солидарност кај најмладите.
„Грижата за вработените не завршува на работното место – таа ги опфаќа и нивните семејства. Преку вакви настани создаваме позитивна и поддржувачка средина, а истовремено ги охрабруваме децата да ги развиваат вредностите на солидарност, споделување и заедништво. Ова е дел од пристапот на работењето на Бучим“изјави Алдана Лоровски Ристовски, заменик-раководител на службата за човечки ресурси.
Со оваа иницијатива, Бучим уште еднаш ја потврдува својата определба активно да придонесува кон позитивни општествени вредности во заедницата.

