Во пресрет на новогодишните и божиќните празници рудникот Бучим им ги честиташе претстојните празници на најмалите со пригодни новогодишни пакетчиња.
Грижата за општеството и за заедницата отсекогаш се биле дел од фокусот на компанијата. Во текот на целата година рудникот активно спроведуваше голем број на општествено одговорни практики и донации, но како и секоја година, со особено задоволство годината ја завршува со доделување на над илјада новогодишни пакетчиња.
Во последната недела од годината и оваа година, традиционално рудникот Бучим подарува новогодишни пакетчиња на дечињата од детската градинка “Ацо Караманов”, на децата на вработените во рудникот Бучим, на децата во домот за згрижување на деца без родители Емануел и на корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака. Рудникот Бучим исто така додели и новогодишни пакетчиња на Општинската организација Црвен крст – Радовиш и на Здружението на турците за хуманитарни и културни активности Кудрет Јашам Дернеѓи за децата од социјално загрозени семејства од општина Радовиш и општина Конче.
“Празниците се одлична прилика да создадеме повеќе радост и незаборавни моменти за секој од нас. Ова е наша традиционална новогодишна активност која со задоволство ќе ја продолжиме и се надеваме дека и во иднина ќе успеваме да придонесуваме за детската радост во овој период од годината.” – Никoлајчо Николов, заменик генерален дирeктор на Бучим