DSCF8341

Партнерство за стручно образование. Бучим и Боров Дол го поддржуваат образованието на идните генерации

Рудниците со задоволство објавуваат дека во соработка со СОУ “Коста Сусинов”, ги прошируваат своите напори за поддршка на образовниот систем за развојот на дуалното образование, со тоа што ќе  им помагаат на учениците од средните училишта да се подготват за кариера во рударскиот сектор. Бучим и Боров Дол, потпишаа меморандум за соработка со локалното училиште за стручно оспособување на учениците во рудниците.

Почнувајќи од следната учебна година, гимназијата воведува програми за дуално образование, од кои едната е геолошко-рударска и металуршка струка со профил геолошко-рударски техничар. Учениците во дуалниот образовен систем, ќе ги надополнат своите теоретски знаења со посета на практична настава во рудниците Боров Дол и Бучим, каде што ќе добијат практична обука прилагодена на образовната наставна програма и стручна подготовка за работа во реални услови. Обуката за стручно образование во рудниците ќе изгради практични вештини кај учениците, ќе ги зајакне нивните технолошки вештини и ќе ги надгради нивните теоретски знаења. Учениците, од прва рака,  ќе ги научат потребните вештини кои што ќе им помогнат да се приспособат кон реалната потреба на пазарот на работна сила. 

Ние постојано го подобруваме нашиот систем за општествена одговорност. Практичното образование е одличен начин младите уште во текот на средното образование да се насочат кон професии кои се барани од компаниите. Соработката на училиштата со компниите е од голема корист заради можностите што ги нуди индустрискот сектор како ресурс за учење. Со нетрпение очекуваме да го започнеме овој важен чекор,  да им овозможиме на учениците пристап до висококвалитетна обука, која што ќе ги подготви за успех на пазарот на трудот и ќе им помогне при реализација на нивните амбиции“, изјави Никоjачо Николов, заменик генерален директор на Бучим.

Еден од главните фокуси на рудниците во целите за еколошко, социјално и корпоративно управување (ЕСГ)  е поврзан со образованието, релевантните потреби кон учењето и наставата, и процесите за обезбедување и подобрување на образованието на идните генерации. Рудниците имаат за цел да им овозможат на студентите пристап до практична обука, прилагодена на реалноста на работата, која што ќе им овозможи успешно за да го завршат своето образование ориентирано кон потребите на работодавачите, така што по завршетокот на школувањето ќе бидат оспособени за работа во индустријата и спремни да ја започнат својата кариера.

Образованието е дел нашата главна агенда за одржлив развој, бидејќи само со квалитетно и континуирано образование ќе имаме квалитетни идни генерации и одржлива иднина. Ние се придружуваме кон системот за дуално образование и ќе се обидеме, најдобро што можеме, да им помогнеме на учениците да ги применат своите теоретски вештини во пракса,“ додаде Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Концептот на дуално образование во Северна Македонија, за прв пат е воведен во 2018 година. Од оваа година, училиштето од Радовиш во соработка со рудниците се приклучува кон овој образовен процес. Според конкурсот на училиштето, во учебната 2021-2022 година, вкупно 25 ученици ќе имаат можност да бидат дел од програмата за дуално образование.

Comments are closed.