101643927_3057876857583033_7978869060559437824_n

Поддршка за активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија

Продолжувајќи ги своите активности за придонес во справувањето со Ковид-19 вирусот, рудникот Бучим, со цел да им помогне на најранливите семејства од заедницата, донираше парични средства на Црвениот крст на РСМ.

Финансиските средства во висина од 5.000 евра доделени на Општинска организација Црвен Крст – Радовиш, ќе бидат наменети за потребите на социјално загрозените семејства од општина Радовиш и општина Конче, за полесно справување со новонастанатата ситуација предизвикана од Ковид-19.

Донираните парични средства ќе бидат искористени за изготвување на пакети со основни производи – прехранбени продукти, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција, кои Општинска организација Црвен Крст – Радовиш, ќе ги достави до социјално најзагрозените семејства од Радовиш и Конче.

Продолжуваме и понатаму со општествено одговорните активности, кои се важен дел од нашето работење. Наша обврска е и во овој тежок период за сите, да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме и да дадеме помош на оние на кои што им е најпотребна и со свој придонес да помогнеме во надминувањето на последиците од коронавирусот”, истакна Никoлајчо Николов, заменик генерален дирeктор на Бучим.

Comments are closed.