Како општетствено одговорна компанија, рудникот Бучим, ги поддржува своите локални заедници и е посветен на тоа да влијае позитивно во заедниците каде што работи. Целосно поддржан од својата матична меѓународна компанија – Солвеј Инвестмент Груп, рудникот успева да постигне силни позитивни ефекти во општеството и е горд на резултатите кои се добиваат со ваквата работа.
На 28 Август, Денот на македонските рудари, а воедно и денот во кој што рудникот Бучим ги одбележа своите два значајни јубилеи – 40 години од своето постење и 15 години дел од Солвеј Инвестмент Груп, рудникот Бучим на општините Радовиш, Штип и Конче им подари вредносни ваучери кои тие ги искористија за решавање на некои од потребите на општините.
Еден од ваучерите им обезбеди затоплување на 80 дечиња. Клонот “Пчелка”, во состав на детската градинка “Вера Циривири Трена” во Штип, со донацијата од рудникот ќе има нов систем за греење на пeлети, кој беше долгогодишен проблем на градинката во Штип.
Општина Радовиш го искористи ваучерот за опремување на занималните со потребниот инвертар во детската градинка “Ацо Караманов” во Радовиш и за набавка на мултимедијална технологија за остварување на образовните цели на основното училиште “Коста Рацин” во с. Подареш, Радовиш, со што во училиштето се придонесе за подобрување на квалитетот на образовната настава.
Општина Конче набави комунална механизација за подобрувње на капацитетот на општинското јавно претпријатие и квалитетот на јавните услугите и за одржување на инфраструктурата и подобрување на хигиената во општината. Групацијата Солвеј Инвестмент Груп преку своите активности е насочен кон поддршка за развивање и подобрување на општините во кои што што работи.