12914CD9-4F41-4FD4-B5EE-679E6658496C

Извештај за работата на Бучим и Боров Дол во првата половина од 2020 година

Вкупната количина на преработена руда од Бучим во првото полугодие од 2020 година изнесуваше 2,2 милиони тони (106% во споредба со првото полугодие од 2019 година), со содржина на бакар од 0,166 % (85 % во однос на квалитетот на преработената руда во првото полугодие од 2019), злато 0,151 g/t (52% во однос на квалитетот на преработената руда во првото полугодие од 2019) што резултираше со производство на 14.603 тони сув бакарен концентрат  (90 % во споредба со првото полугодие од 2019), кој  содржи 3.066 тони бакар (90 % во споредба со првото полугодие од 2019), 170 кг злато (48% во споредба со првото полугодие од 2019) и 442 кг сребро (95% во споредба со првото полугодие од 2019). Во првата половина на 2020 година фабриката за лужење на Бучим произведе 335 тони катоден бакар со квалитет 99,99% (95% во споредба со првото полугодие од 2019).

Во првата половина на 2020 година, компанијата оствари позитивен финансиски резултат, добивка пред оданочување во износ од 4,7 милиони евра (47% во споредба со остварените резултати во првото полугодие од 2019 година).

Во првата половина на 2020 година, рудникот плати аконтација за данок на добивка на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 858 илјади евра.

Kомпанијата исплати 447 илјади евра за концесиски надоместок за употреба на минерални суровини за првата половина на 2020 година, од кои 78 % се исплатени во буџетот на општина Радовиш и 22 % во државниот буџет. 

Просечната месечна плата во првата половина на 2020 година изнесуваше 547 евра (102% во споредба со иститот периoд од претходната година).

Трошоците во доменот на општествено одговорните практики во текот на прваата половина на 2020 година изнесуваа 30 илјади евра (100% во споредба со истиот период од 2019 година). Рудникот Бучим обезбеди финансиска поддршка за развојот на млади музички таленти и спортисти, културно-уметнички друштва, училишни и предучилишни установи, спортски клубови и здравствени институции. Дополнително, со цел да помогне во справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија, Бучим донираше 40 илјади евра на посебната донаторска сметка на Министерство за здравство, 10 илјади евра на сметките на локалните здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица и 5 илјади евра на Општинска организација Црвен Крст – Радовиш за изготвување на пакети со основни производи (прехранбени продукти, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција) за потребите на социјално загрозените семејства од општина Радовиш и општина Конче. Покрај финансиските средства, рудникот донираше и 650 медицински заштитни маски за лице за потребите на локалните институции во општина Радовиш и 150 заштитни одела на Клиничката болница во Штип.

Во првата половина на 2020, во областа на безбедноста и здравјето при работа се инвестирани 66 илјади евра (87% во споредба со првото полугодие од 2019) и тоа: набавка на лична и колективна заштитна опрема; средства за лична хигиена; технички преглед на опремата; набавка и сервисирање на ППА; медицински прегледи на вработените; набавка на тековни материјали за безбедност и заштита на здравјето, обука на вработените и мерење на микроклиматските услови на работните места.

Во текот првата половина на 2020 година, за справување со закана од коронавирусот, рудникот презеде низа зголемени мерки за заштита на здравјето и безбедноста на своите вработени.  Во целост се почитуваат претпазливите мерки и редовно се набавуваат средства за лична хигиена и заштита. За набавка на средства за хигиена, заштитни маски и раквици во првата половина на 2020 година потрошени се 7.271 евра.

Трошоците за ремонти и одржување на технолошката опрема во првата половина на 2020 година изнесуваа 1,6 милиони евра (94% во однос на првото полугодие од 2019 година). Ова вклучување ремонти за погонот за флотација и тековните одржувања на фабриката за лужење и површински коп.

Во првата половина на 2020 година, инвестициите за поддршка на производниот капацитет (набавка на опрема, машини, градежништво и сл.) достигнаа до износ од 502 илјади евра (134% во споредба со истиот период од минатата година). 

Инвестирани се 52.400 евра (175% во споредба со истиот период од минатата година) во програми за заштитна на животна средина, односно во рекултивација на ново изградените површини на хидројаловиште, редовен мониторинг на животната средина – површински и подземни води, атмосферски воздух, бучава во животната средина, емисии во воздухот, како и услуги за управување со отпад, и ревизии и проценки на трети лица од областа на животната средина. Во текот на првата половина на 2020 беше извршена проверка од страна на државните инспектори за животна средина, при што беше утврдено дека не постојат законски нарушувања.

Во првото полугодие од 2020 година, Бучим успешно ја помина интерната годишна ревизија со која се потврдува работењето на компанијата во согласност со меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001. Извештајот од проверката потврди дека не постои несуогласеност т.е. неисполнување на барањата од стандардите и дека рудникот работи свесно и одговорно, согласно меѓународните водечки стандарди.

Рудникот за бакар Бучим ДОО Радовиш, првата половина на 2020 година ја одбележа со завршеток на експолоатација на минерални суровини од рудното тело Чукар 2, согласно предвидениот годишен план за производство. Во втората половина од 2020 година, за обебедување на континуитет во производниот процес и оптимална искористеност на бакарната руда во Бучим ќе се експлоатира минерална суровини од рудното тело Северо-Исток 2, кое содржи докажани останати количини на рудни резерви. Рудните резерви од рудното тело Северо-Исток 2 ќе осигурат експлоатација и преработка на минералните суровини и непречно работење на рудникот Бучим сѐ до стартување со производство на рудникот Боров Дол.

Развој на рудникот Боров Дол

Во текот на првата половина на 2020 година, компанијата се фокусираше целосно на исполнување на своите цели за отпочнување со производство од Боров Дол, кој ќе го продолжи работниот век на постоечкиот рудник Бучим.

Новонастанатата ситуација, предизвикана од Ковид-19, создаде поместување на распоредот за изградба на објектите и пролонгирање на почетокот со производство. Во распоредот за изградбата на главните технолошки објекти, има отстапување од 3 месеци, кое се должи на воведените ограничувања во текот на првата половина на 2020 (полициски час, ограничувања за движење, самоизолација на работниците и затворени граници за странските добавувачи на опрема). Со оглед на моменталната состојба и динамиката на изведбата на градежните објекти, рудникот Боров Дол планира да стартува со производство во текот на декември 2020 година. 

За време на извештајниот период, рудникот Боров Дол продолжи со изградбата на главните технолошки објекти и започна со изградбата на инфраструктурните објекти, кои ги реализираше во следниов обем: траса за транспортната трака – 70%; далноводи од 20 kV – 95%; објект за примарно дробење и затворено складиште за руда- 90%; инфраструктурни објекти – 35%.

Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол во првата половина на 2020 година изнесуваше 15, 3 милиони евра (8,1 милиони евра во првата половина на 2019).

Во првата половина на 2020 година, Боров Дол инвестираше вкупно 7,2 милиони евра во набавка на потребната опрема (2,5 милиони евра во истиот период од 2019),  2,1 милиони евра за изведба на градежните работи и 4,9 милиони евра во раскривка на рудното тело (5,2 милиони евра во истиот период 2019 година).

Боров Дол, во текот на првата половина на 2020 година, продолжи со инвестициската раскривка, при што се ископани 4,6 милиони тони искoпина (6,6 милиони тони од првото полугодие на 2019 година). 

Во текот на првата половина на 2020 година, рудникот Боров Дол инвестираше  119.200 евра во областа за заштита на безбедноста и здравјето при работа, иницијативи за заштита на животната средина и општествено одговорни практики.  Боров Дол учествуваше со финансиска поддршка  во културно-историски иницијативи и развој на инфраструктурни проекти во локалните општини Радовиш и Конче, а покрај редовниот мониторинг на животната средина и мониторинг на биолошката разновидност, Боров Дол околу концесискиот простор постави птичји гнезда за зачувување на биодиверзитетот. Отпочната е подготовка на документација за поднесување на апликација за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола.

Во првата половина на 2020 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен од Боров Дол изнесуваше е 1.069 евра (зголеменa за 5,8 % во однос на првата половина од 2019 година). 

Comments are closed.