ДПТУ Бучим ДООЕЛ и ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ ги известуваат сите заинтересирани страни дека рокот за доставување на понудите за превоз на вработени е продолжен. Оваа одлука е донесена поради приемот на само една понуда во претходниот рок, како и дисквалификација на понудувачот, со цел да се обезбеди праведен и квалитетен избор.
Подетални информации за бараната услуга, условите за аплицирање, и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.
Крајниот рок за доставување на понудите е 19.08.2024 година.
Повеќе за тендерот