WhatsApp Image 2024-11-07 at 19.31.42

Бучим добитник на највисокото општинско признание – „6-ти Ноември“ награда на Општина Радовиш

Со гордост и благодарност, Бучим го објавува добивањето на највисокото општинско признание – плакета „6-ти Ноември“ за особен придонес во развојот на Општина Радовиш. Ова значајно одликување, која е симбол на најголемата почит и признание од страна на локалната заедница, претставува круна на повеќедецениска работа и вложувања во општината.

Плакетата „6-ти Ноември“ е повеќе од признание – таа е доказ за длабоката врска и партнерство меѓу рудник Бучим и заедницата на Радовиш. Преку континуирани инвестиции во развојот на инфраструктурата, образованието, културата и спортот рудникот постојано работи на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

На свечената академија, Заменик управителот на рудниците Бучим и Боров Дол, Ивица Карапетров изјави:

“Доделувањето на оваа плакета е највисока потврда за нашата мисија да бидеме столб на развојот на Општина Радовиш. Секоја успешна заедница се гради на темели на меѓусебна соработка, доверба и поддршка, а ова признание ни дава уште поголема мотивација да продолжиме со нашите проекти кои ќе донесат долгорочни придобивки за општината. Благодарни сме на Општина Радовиш за оваа чест и ветуваме дека ќе останеме посветени на заедницата и во иднина.”

Рудникот Бучим останува посветен на принципите на одржлив развој и корпоративна општествена одговорност. Во иднина, ќе продолжи да ги поддржува локалните иницијативи, да вложува во иновации и да создава нови можности кои ќе го зацврстат економскиот и социјалниот просперитет на Општина Радовиш.

Comments are closed.