Bucim 07.05.2020

СВР- Струмица додели благодарница на рудникот Бучим за поддршка во време на вонредна состојба предизвикана од Ковид-19

Денес беше одбележан празникот „7-ми Мај – Денот на македонската полиција“, со положување цвеќе на спомениците на загинатите бранители во Радовиш и Струмица и доставување на благодарници од страна на полициски службеници на компаниите кои ѝ помогнале на полицијата во спроведување на мерките за заштита од Ковид-19.

Во знак на благодарност за посебен придонес во работата на полицијата, СВР- Струмица додели благодарница на рудникот Бучим, за досегашната успешна соработка и континуирана поддршка на полицијата во справувањето и надминувањето на последиците предизвикани од Ковид-19 вирусот. Благодарницата му беше врачена на заменик генералниот директор на Бучим ДОО Радовиш, Николјачо Николов, од страна на началникот на ОВР – Радовиш, Спасо Трајков.

На сите припадници МВР им го честитам празникот на македонската полиција 7-ми Мај. Во овој исклучително значаен период во борбата за справување со пандемијата, ние како општествено одговорна компанија се трудиме со свој придонес да помогнеме и заеднички да се справиме со кризата”, истакна Николајчо Николов, заменик генералeн директор на Бучим ДОО Радовиш.

Comments are closed.