Со голема радост ја објавуваме успешната реализација на акцијата за пошумување „Сончева Гора“, која се одржа на 29 ноември 2024 година во Радовиш. Оваа иницијатива беше реализирана во партнерство со Man and Mountain и Општина Радовиш и претставува значаен чекор кон нашата заедничка визија за создавање позелена, поздрава и поодржлива иднина.
Клучни моменти од акцијата:
- Број на засадени дрвја: 300 садници на јавор (Acer pseudoplatanoides) и липа (Tilia cordata), донирани од Бучим и Боров Дол.
- Локации на засадување: Паркови и јавни површини низ Радовиш, како и детски паркови во околните населени места: с. Калуѓерица, с. Сулдурци, с. Воиславци, с. Ињево, с. Ораовица, с. Подареш, с. Покрајчево и с. Злеово.
- Учесници: Над 50 волонтери, вклучувајќи претставници од „Man and Mountain“, ученици од локалните училишта, членови на заедницата и вработени во рудниците Бучим и Боров Дол.
- Клучна локација: „Сончева Гора“ – симболична зона на кејот „8ми Септември“, каде беа засадени 100 дрвја од страна на вработените во Бучим и Боров Дол како дел од посветеноста за урбана регенерација.
„Сончева Гора“ не само што промовира засадување на дрвја, туку и ја истакнува важноста на заедничката одговорност кон природата и заедницата. Оваа иницијатива е дел од ЕСГ стратегијата на рудниците Бучим и Боров Дол. Со зголемување на зелените површини во Радовиш и околните населени места, целиме кон долгорочно подобрување на квалитетот на воздухот, заштита на биодиверзитетот и создавање пријатни јавни простори за нашите сограѓани.
Изразуваме голема благодарност до „Man and Mountain“ и Општина Радовиш за нивниот ентузијазам, посветеност и соработка. Благодарност и до сите волонтери кои беа дел од оваа иницијатива.
Заедно, засадуваме иднина!