Screenshot 2025-01-14 at 13.14.04

Хуманитарна донација за божиќните празници

Во пресрет на божиќните празници, рудниците Бучим и Боров Дол, во соработка со Црвениот Крст и Општина Радовиш, организираа хуманитарна акција за поддршка на локалната заедница. Прехранбени пакети со основни продукти беа донирани на 100 семејства во социјален ризик.

Преку оваа иницијатива, обезбедени се потребните прехранбени производи за најранливите категории граѓани. Со логистичка поддршка од Општина Радовиш и Црвениот Крст, прехранбените пакети се дистрибуирани до семејствата во Радовиш и Конче и околните населени места, со посебно внимание на оние кои се најпогодени од социјалните и економските предизвици.

„Божиќните празници се време за солидарност, хуманост и заедништво. Со оваа акција сакаме да покажеме дека секој може да даде свој придонес за подобрување на животот на другите и  дека заедно можеме да создадеме подобро општество “ изјави Кристина Крстева, Заменик управител за одржлив развој на рудниците Бучим и Боров Дол.

Општина Радовиш ја истакна важноста на ваквите акции, кои играат клучна улога во подобрувањето на квалитетот на живот на локалното население. Од своја страна, Црвениот Крст, како долгогодишен партнер во хуманитарните активности на рудниците Бучим и Боров Дол, се погрижи донацијата да биде распределена ефикасно и транспарентно до оние на кои им е најпотребна.

Преку оваа иницијатива, уште еднаш ја нагласивме важноста на соработката меѓу приватниот сектор, локалната самоуправа и граѓанските организации. Оваа синергија покажува дека заедно можеме да направиме значајна разлика и да донесеме надеж, радост и поддршка во животите на оние на кои им е најпотребна.

Comments are closed.