KV_Solway 2020MK

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО 4-та СТИПЕНДИСКА МУЗИЧКА ПРОГРАМА НА СОЛВЕЈ

Солвеј повторно им дава можност на младите талентирани ученици за бесплатно учество на меѓународниот музички камп за деца и млади во Салцбург, во летото 2020.

Рудникот “Бучим”, филијала на Групацијата Солвеј Инвестмент во Северна Македонија, го отвори својот годишен повик за стипендиската програма на Солвеј за музичкиот камп. Изборен дел исто така се организира и во градови во Украина и Гватемала, каде што се лоцирани дел од фирмите на Солвеј Инвестмент Груп.

Децата на вработените во Бучим, како и ученици од уметнички групи и образовни институции, поддржани од компанијата, коишто имаат некаков талент во музика, применета уметност, етнички занает, актерство или било каков друг вид на креативна изведба имаат право да учествуваат во изборниот дел. Возраста на учесниците треба да биде од 14 – 17 години.

Образовната стипендиска програма на Солвеј  се состои од изборен дел во два дела и се доделува со заедничка одлука на жирито. Жирито е претставувано од страна на Салцбуршкиот фестивал, креативниот тим на Опера камповите и претседателот на Одборот на Групацијата Солвеј Инвестмент. Жирито ќе ја оценува креативноста на кандидатите, нивните уметнички, театарски или музички вештини, како и комуникативните вештини, а не бројот на дипломи или уверенија што кандидатот ги има освоено.

Пријавувањето започнува од 01 декември, 2019. Крајниот рок за поднесување на пријава е 15 јануари, 2020.

Во првиот изборен дел, одбраните кандидати ќе треба да посетуваат 20-неделен курс по англиски јазик, за да стигнат до вториот дел на елиминација, кој ќе биде на крајот од април, 2020 година. Кандидатите ќе се квалификуваат за втората фаза со изработка на креативна видео презентација во времетраење од 90 секунди. Овој пат, видеата мора да бидат снимени на англиски јазик, и кандидатот мора пак да ги презентира и покаже своите способности и таленти во некоја од уметничките дисциплини.

Двајца од најкреативните, најкомуникативните, најспособните и најталентираните финалисти ќе бидат избрани за патување во Салцбург, со сите трошоци покриени и престој од една недела на Салцбуршкиот музички камп за деца и младинци, кој што ќе се одржи во август, 2020, во Австрија.

Моника Трајанова и Стефан Ефтимов од Радовиш, се финалистите кои ова лето беа дел од музичкиот камп во Салцбург.

За повеќе детали, како и за пријавување за стипендијата за музичкиот камп Солвеј ве молиме посетете ја интернет страницата: 

http://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk

Comments are closed.