Површински коп

Рудникот Бучим се состои од 5 руда тела:

  1. Чукар (завршена експлоатација)
  2. Централно рудно тело (најзначајното рудно тело кое содржише близу 70 % од вкупната минерализирана маса – завршена експлоатација )
  3. Вршник (од каде што се експлоатираше оксидна руда – завршена експлоатација)
  4. Бунарџик (завршена експлоатација)
  5. Чукар 2 (дополнително рудно тело во фаза на експлоатација)

Екстракцијата на минералните се состои од процес во пет чекори:

s-m-2
s-m-1

Флотација

Во погонот флотација се врши обработка на рудата во постројките за дробење, мелење и  флотирање до  бакарен концентрат, како готов производ. Финален производ од флотацијата е бакарниот концентрат, кој содржи околу 21% бакар и 10- 30 г/т злато.

Опис на производствениот процес :

f-m-2
f-m-1

Лужење

Во склоп на рудникот за бакар „Бучим“ ДОО  Радовиш, во 2011 година е формирана нова работна единица за производство на катоден бакар – лужење. Solway Investment Group инвестираше во екстракција на растворувачи и електролиза. Овој процес е познат како SX-EW. Денес, фабриката за лужење има годишен производствен капацитет од над 2.000 тони 99,999% катоден бакар.

Потенцијална опасност од згаснување на еден индустриски капацитет  и од загрозување на животна средина кулминираше со идеја за примена на технологија за добивање на електролитски бакар. Менаџментот на рудникот Бучим потенцијалните опасности ги трансформира во реални бенефити и за прв пат во Република Северна Македонија, се произведе готов производ, катоден бакар со висока чистота.

Работната единица лужење разви технологија која што е сосема безбедна за животната средина и придонесе за продолжување на работниот век на Бучим. Исто така, дозволено е искористување на рудите од останатите технолошки процеси (искористување на коповкската јаловина) како и обработка на оксидната руда и решавање на неколку проблеми од еколошки аспект.

Опис на производниот процес:

l-m-2
l-m-1

Хемиска лабораторија

Хемиската лабораторија на рудникот “Бучим” е Акредитирана лабораторија со имплементиран стандард за лаборатории за тестирање ISO 17025:2006. Oценета e од Институт за акредитација на Република Северна Македонија со 16 акредитирани методи кои опфаќаат најголем дел од работењето на лабораторијата за испитување на руди, вода и вар.

Лабораторијата секојдневно врши голем број на испитувања како за потребите на рудникот така и за надворешни клиенти со веродостојни и меѓународно признаени резултати. Хемиската лабораторија перманентно работи на следење на целокупниот производствено – технолошки процес во рудникот.