Новиот рудник за бакар Боров Дол, ќе го наследи 40-годишниот рудник Бучим, кој моментално е во завршен процес. Стратегијата на компанијата е да се изврши транзиција кон новиот проект, притоа да се минимизираат влијаниата врз животната средина, да се зачуваат работните места на повеќето вработени во рудникот Бучим, а исто така и да се создадат и нови можности за работа за жителите на локалните општини Конче, Радовиш и Штип.
Во рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на минерални бакарни суровини, а рудата ќе се транспортира до флотациониот погон во Бучим преку транспортна трака.
Отворањето на рудникот Боров Дол, освен што ќе го продолжи животниот век на рудникот Бучим, ќе придонесе и за развојот на локалната економија.