Работната единица за производство на катоден бакар – лужење се здоби со А- Интегрирана еколошка дозвола
Со добивање на соодветната дозвола, рудникот Бучим покажува дека се обврзува да ги следи строгите правила за испуштање и емисија на гасови и да се придржува кон договорениот оперативен план за усогласување со сите еколошки стандарди дефинирани и потпишани од двете – Министерство за животна средина и просторно планирање и компанијата.
Работната единица за добивање на катоден бакар – лужење разви технологија која што е сосема безбедна за животната средина, преку која се искористуваат рудите од останатите технолошки процеси (искористување на коповкската јаловина) и се обработува оксидната руда. Овој објект му овозможи на рудникот подобро да го контролира процесот на истекување на водите од коповската јаловина и да обезбеди заштита на подземните води.
А – Интегрирана еколошка дозвола е издадена, откако во 2018 беа завршени неколку неопходни еколошки процедури, вклучувајќи модернизација и изградба на бунари за мониторинг на подземните води.
******
Од 2015 година Бучим има стекнато интегрирани дозволи за рударско работење, вклучително и за површински коп, хирдојаловиште и работната единица – флотација.
Во 2011 година Бучим го изгради објектот лужење за да го подобри управувањето со водите и за производство на бакар од дренажните води. Изградбата на работната едница лужење беше клучен дел од спроведувањето на планот за управување со водата – систем од неколку брани и изолирани резервоари се поврзани со објектот за да се прифатат, соберат и третираат сите потенцијално контаминирани води. Соодветната оценка за влијанието врз животната средина беше поднесена од Државниот орган во 2011 година.