Новиот рудник за бакар ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш донираше финансиски средства за развој на новиот инфраструктурен проект за реконструкција на локалната патна мрежа во општина Конче. Проектот е насочен кон целосна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува селата Габревци, Долни Липовиќ и Горни Липовиќ во општина Конче.
Реконструкцијата на постоечката локална патна инфраструктура во Конче, пред се ќе овозможи развој на економијата, транспорт на добра и услуги и социјално поврзување на граѓаните на општина Конче. Модернизацијата на патната инфраструктура ќе овозможи и полесно и побезбедно патување на населението кое што живее и работи во овој дел од општината.
“Ние ги поддржуваме проектите кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните од локалните заедници во кои што работиме. Економскиот развој на општините многу зависи од изграденоста на патната инфраструктура, а нашата корпоративна определба е да ѝ помогнеме на општината во економскиот развој,“ изјави Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.