Во еден обид да ја искажат својата преданост кон активен начин на живот и заедницата, рудниците Бучим и Боров Дол ја поддржаа иницијативата на здружението на граѓани “Супериор Ранс – Стани, трчај!” кое ја организираше првата трка во Штип.
Оваа иницијатива, во која зедоа учество и вработените во Бучим и Боров Дол претставува уште еден чекор кон зголемување на свеста за значењето на здравиот начин на живот, кој рудниците го негуваат. Во тој дух, вработените заедно со менаџментот корпоративно за прв пат учествуваа на маратон, кој се одржа на 30 април во Штип. На овој спортско-рекреативен настан, вкупно 15 вработени имаа можност за маратонско дружење, каде заедно со менаџмент успешно ја завршија трката „Superior Runs 5k”.
Бучим и Боров Дол, освен што го подржаа настанот, со цел да поттикнат мотивација за спортски вредности и да ја кренат свесноста околу влијанието на физичката активност врз индивидуалното и колективнотото здравје, активно се вклучија во градската трка. Оваа активност не само што го поттикнува здравиот начин на живот на вработените, туку и го зголемува чувството на заедница и тимска работа. Затоа и во иднина, рудниците ќе продолжат да поддржуваат иницијативите кои промовираат здрав и активен начин на живот во заедницата и помеѓу вработените.