Soopshtenie mk web 1x1 mobile version-1

Македонското девојче Kaролина Гочева во Радовиш ќе пее за македонските рудари

Радовиш, 2август 2023 –  По повод 28 август- Денот на рударите кој што воедно е и Ден на Радовиш, се организира свечена програма за чествувањето на професионалниот празник на македонските рудари. Одбележувањето започнува на 28 август во делокругот на рудниците со  свечената церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а  главната прослава ќе биде вечерта во центарот на Радовиш со музички концерт на Каролина Гочева. Како педгрупа ќе настапи бендот South Parк. Концертот почнува во 20 часот.

Радовиш го слави Денот на рударите и празникот Успение на Пресвета Богородица, заштитничката на македонските рудари, а оваа година за прв пат за радовишани и сите посетители се подготвува вистинско музичко уживање и секако одлична забава и расположение со најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева. Централната прослава ќе се одржи во центарот на Радовиш под покровителство на рудниците Бучим и Боров Дол во соработка со Општина Радовиш. Ги покануваме граѓаните да присуствуваат на прекрасниот настан и да уживаат во празникот”, рече градоначалникот Ацо Ристов.

За прв пат годинава Денот на рударите, ќе биде одбележан со настан во центарот на Радовиш. Празничната традиција ќе ја зачуваме и пред големиот концерт, во делокругот на рудникот ќе се одржи официјална церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а прославата ќе  се одржи во Радовиш каде заедно со сите граѓани, рудари и нивните семејства ќе уживаме во концерт на македонски музички ѕвезди” , додаде Александр Раков генерален директор на Бучим и Боров Дол.

Comments are closed.