WhatsApp Image 2023-10-25 at 11.54.48

Тимот на Бучим се приклучи на Виз Ер Скопски Маратон 2023

Бучим за прв пат учествуваше на Виз Ер Скопски Маратон. Повеќе од 20 вработени учествуваа во тим билдинг трката  на 5 километри која се оддржа  на 1 октомври 2023 година во рамките на најмасовната спортска манифестација во државата.

Мотивирани од рекреативниот дух за учество на 19 то издание на Скопскиот Маратон,  рудникот Бучим го спонзорираше учеството на своите вработени – учесници, а ги поддржа и со  опрема за трчање.  Како општествено одговорна компанија, посветена кон грижата за своите вработени, Бучим поддржува активности кои го подобруваат физичкото и менталното здравје на вработените, но и кои воедно придонесуваат  за зајакнување и хармонизирање на тимот.

Вработените успешно го завршија маратонот и стигнаа до целта, остварувајќи солидни резултати. Целата оваа манифестација на која учествуваа преку 11.000 натпреварувачи беше одлична за подобрување на тимскиот дух и едно прекрасно искуство за вработените во Бучим.

“ Учеството на нашите вработени  на овој спортски настан е демонстрација на колективната енергија и ентузијазам во компанијата. Верувам дека учеството на овој маратон ќе прерасне во понатамошна традиција,  која ги промовира вредностите на здравиот живот  и тимскиот дух меѓу вработените.” – изјави Александр Раков, управител на Бучим и Боров Дол

Comments are closed.